На 12.12.2025 година ќе се оддржи новото издание на најголемиот настан посветен на Жените Претприемачки. Традиционално, 8-ма година по ред, декември е месецот кога околу 200 жени претприемачки ќе се соберат на исто место да споделат енергија, поддршка и искуства од нивниот претприемачки пат.
Годинава покрај неколкуте мотивирачки говори ќе има и панел дискусија со работен наслов: “Пристап до финансии и инвестициски можности за жените“, а програмата како и секогаш ќе вклучи и забавен и фитнес дел.
Повеќе информации за самата програма, минатите настани и можностите за спонзорска поддршка на конференцијата се достапни ТУКА
Традционално, по завршување на конференцискиот дел ќе се прогласат и лауреатите во 6-тиот национален избор за Жена на годината (Women of the year) – (www.zenanagodinata.mk) во вкупно 10 категории. Онлајн номинирањето веќе започна и може да се пристапи на следниов ЛИНК.

















