На 29-ти октомври со почеток во во 17.30 часот се случува Startup Grind Skopje Vol.10.
Катерина Стојановска од Embed Social ќе открие неколку тајни за креирање производи, водење бизнис и маркетинг на стартапи.
А, ќе откриете и дали South Central Ventures е потенцијален вистински инвеститор за вас?
Послeдниве неколку години постојано се жалевме дека овој регион нема пристап до финансии. Сега има инвеститори – редот е на вас да направите решение вредно за инвестирање.
Што ќе се случува на Startup Grind Skopje, 29 октомври
Агендата е следна:
17.30 – 18.00: Кафе и вмрежување
18.00 – 19.00: Запознајте одличен стартап
Говорник #1: Катерина Стојановска, ко-основач на Embed Social
- во 2009-та година ја ко-основаше агенцијата за дигитален маркетинг Im.mk
- станаа едни од 100те Facebook Marketing Partners
- постојатано развиваат нови производи како Take an Ad
- добија инвестиција од Фондот за иновации и технолошки развој…
Кате постојано инвестира во бизнис патувања и била на дел од најголемите светски конференции. На овој Startup Grind ќе сподели
- како се решава дилемата да се работи на аутсорсинг или на твој продукт?
- како се развива производ: од концепт на салфетка до спакувано решение со база на клиенти?
- научени лекции: како се води и расте бизнис, кој успешно работи веќе 6 години?
- маркетинг совети за стартапи.
19.00 – 20.00: Запознајте ги инвеститорите
Говорник #2: Ивана Станковиќ, менаџер за инвестиции во South Central Ventures Скопје
South Central Ventures е менаџер на ENIF фондот кој располага со 40 милиони евра за инвестирање во стартапи од регионот. Фондот официјално отвори канцеларија во Скопје и го бара ‘следното големо нешто’ што ќе излезе од овие простори.
Доколку работите на стартап од областа на технологијата и ви требаат почетна инвестиција (seed investment, до 100 000 евра) или рана инвестиција и инвестиција за почетен раст и експанзија (eаrly to growth stage investment, 0.5 – 3 милиони евра), дојдете да чуете:
- во какви стартапи ќе се инвестира?
- што е поважно: тим или производ?
- во кои фази на развој на стартапот ќе се инвестира?
- со колкав удел се влегува во компаниите во кои се инвестира?
- каков е процесот на затворање на инвестиција?
- како да им пристапите на инвеститорите?
Кога и каде се гледаме?
Зачувајте ја датата: 29 октомври, четврток, 17.30 – 20.00 часот во co-working просторот Coffice (мапа).
Карти може да резервирате на Eventbrite за 300 денари (5 евра).
Во котизацијата е вклучена 2.5 часовна програма, кафе, дружба, стекнување нови контакти нови пријателства, споделување на знаења и отвoрање можности за идна соработка.
Што всушност е Startup Grind Skopje?
Startup Grind Skopje е локално претставништво на глобалната Startup Grind заедница,
која едуцира, поврзува и инспирира претприемачи. Поддржана е од Google for Entrepreneurs. На светските настани, меѓу другите, говорници биле основачот на Pinterest, LinkedIn, Digg, Meetup, Basecamp, и познатите Steve Blank и Clayton Christensen. Во Скопје некои од минатите говорници се Митко Цабевски од uPlug.me, министерот Веле Самак, Даниела Милошеска од Bastet Noir, тимот на Tesseract Interactive, Игор Трајковски од Time.mk… Не го пропуштајте настанот на 29ти октомври со Embed Social и South Central Ventures.