Модниот бренд Levi’s одбележува 150 години од лансирањето на иконичниот модел на фармерки 501, раскажувајќи ја нивната приказна преку фасцинантни анегдоти кои наводно навистина се случиле.
Кампањата е насловена “The Greatest Story Ever Worn” („Најдобрата приказна некогаш носена“), а се состои од неколку кратки филмови кои ги илустрираат необичните анегдоти, проследени со соодветни музички нумери.
Првиот спот нé враќа во 1982 година и нé запознава со еден млад млад дечко кој живее на фарма, а се одлучува да ја замени семејната крава за фармерките на соседот.
Следниот спот нé носи на погреб, каде дознаваме дека покојникот претходно изразил желба да биде закопан во своите фармерки, но исто така и сите присутни на погребот да носат фармерки.
Третиот спот ја раскажува приказната за пристигнувањето на фармерките во Јамајка во 1970 година и како новата мода се одразила врз локалната младинска култура, музика и танц.
Се чини дека во кампањата ќе следуваат и дополнителни спотови, кои ќе бида проследени и со ангажман на социјалните мрежи, билборди, принт реклами и други рекламни активности.
Кампањата се реализира со помош на креативната агенција Droga5 New York.