Google AdWords е глобален лидер во онлајн рекламирањето. Присутен на најголемиот пребарувач, Google, каде што има ексклузивни права, AdWords прераснува во главната алатка на онлајн маркетерите. Но, има многу повеќе од тоа што можеме на прв поглед да го разбереме во оваа платформа. Скрипти, римаркетинг, таргетирање на IP адреси, прецизно таргетирање врз основа на разни демографски критериуми, PPC, PPV, search, display, GSP и многу други опции – сите се само дел од AdWords.
Мирослав Варга, AdWords сертифициран тренер и PPC експерт, кој на македонската маркетинг заедница и е познат по својот настап на овогодинешната AllWeb конференција, ни пренесува неколку одлични искуства од користењето на оваа алатка на локално, но и глобално ниво.
- Мирослав, која е предноста на AdWords како онлајн адвертајзинг платформа? Дали освен тоа што е ексклузивен Google производ и рекламите се пласираат во нај големиoт пребарувач, постојат и некакви технички бенефити во споредба со Bing Ads, Yahoo Search Marketing, па дури и Гугловиот DoubleClick?
Технички гледано, голема разлика меѓу Bing и Google нема. Yahoo за search-огласување ги користи услугите на другите пребарувачи (до неодамна на Бинг, а според новиот договор, Yahoo е споен со Google). Нај големата разлика не е во техничкиот дел, туку вобројот на корисниците.Според нашите податоци, во Хрватска, Србиа, Словенија, Босна и Херцеговина, Google е толку доминантен што ги состои 99,98% од сите пребарувања. Податоци за Македонија и Косово немам, но верувам дека процентите се слични.
Google Doubleclick е производ кој го купил Google и им служи во главно на големите огласувачи (20.000U$ месечно или повеќе). AdWords може да им послужи и на таквите, но некои се навикнале на Doubleclick па не сакаат да го сменат.
AdWords во пребарувачите е нај добриот постоечки огласен канал, бидејќи ги прикажува огласите кога некој ги бара вашите производи или услуги. Тоа е тој таканаречен Pool маркетинг, кој што е многу по ефикасен од Push маркетингот (банери, ТВ, радио, весници и слично).
- Какво е искуството со пребарување на клучни зборови во нашиот регион, каде англискиот не е главен јазик при пребарување? Има ли некаков хак, тип или трик за подобри резултати?
Кај нас е занимливо тоа што во повеќето екс-ЈУ држави, освен во Словенија,корисниците го имаат англискиот одбран како главен јазик на палтформата. Во Хрватска, таков е случајот со 60%, во Босниа и Херцеговина со 70%, а во Србија, дури 80%. Во Словенија, тој број достигнува некаде над 30%. Во сите европски градови, освен во Франција и Италија, бројот на корисници кои го одбрале англискиот јазик како главен е многу висок и истиот варира од 15 до 95%.
Но, без разлика на тоа кој јазик е одбран, корисниците во главно пребаруваат во локалниот јазик. Така е веројатно и во Македонија – наместен на англиски, пребарува на македонски.
Нај важниот тип за сите кои размислуваат да започнат AdWords кампања, би бил тој за одбирање на англискиот + локалниот јазик. Така, Google ќе знае дека треба да им пласира оглас на оние кои на пример, бараат “мајстор електричар”, додека во компјутерот го одбрале англискиот јазик. Дали симболите се на кирилица или не, не е важно, бидејќи Google “чита” кирилица и други азбуки (арапски, грчки, кинески,руски…)
- Moz, SemRush, BuzzSumo, нешто сосема друго или сепак Google Keyword Planner во AdWords? Како до по добри клучни зборови?
Пред пребарување на клучни зборови, нај добро е да се седне со пријателите или колегите во работното место и да се размисли околу тоа што корисниците би можеле да пребаруваат. Дури тогаш, тие зборови треба да се тестираат и во Google Keyword Planner да се најдат други зборови.
Сите алатки кои ги наброивте, се исплаќа да се користат и истите се добри. Има уште, но единствен проблем е тоа што само Google има доволно добар модел кој може да даде статистички релевантни резултати. Сите други, многу малце го следат македонскиот јазик, така што би можеле да добиете многу смешни резултати.
- Неодамна, AdWords воведе и GSP (Gmail Sponsored Promotions) за сите корисници – продукт кој беше во бета минатите две години. Како се покажа овој вид на реклами во споредба со традиционалните display ads и search adas на AdWords?
Во споредба со огласите кои се пласираат на Google search,нема ништо по ефикасно моментално. Но, после нив, GSP се покажаа како нај добри во display огласувањето кога сеуште нема добри ремаркетинг листи. Предноста на GSP огласите е во тоа што некој што користи gmail ( скоро сите android корисници се и Gmail корисници) можат да примат таков оглас и преку еден клик да завршат на вашата веб страна, да ја сејвираат вашата реклама или истата да му ја пратат на некој пријател за кој мислат дека може да му користи.
Токму тие се прилините зошто таквите огласи покажале по голема ефикасност во споредба со традиционалните banner огласи.
- Каква е важноста на AdWords скриптите? Дали истите може да се утилизираат и за работата на малите огласувачи, или се повеќе ориентирани кон поедноставување на работата на големите агенции кои работат на долгорочни проекти?
Во библиотеките постојат одлични скрипти кои можат да им бидат корисни на сите. На пример, скрипти преку кои се врши контрола дали огласите идат на 404 страни, кој е Quality score-от за секој збор според денот (QS се менува дневно и затоа немате секојдневен тренд, па не знаете дали работите добро или лошо) и така натаму. Затоа, мислам дека скриптите би му биле од корист на секој огласувач. Сите скрипти се бесплатно достапни како дел од AdWords.
- Колку ефикасна е remarketing опцијата?
Ремаркетингот е една од најефикасните опции воведени од Google во последните 5 години. Ако се наместат добро работите, со банерите можете да постигнете ефект речиси какои со search огласувањето. На сите им препорачувам да почнат да собираат ремаркетинг листи, бидејќи по касно ќе ви бидат од корист,ако не планирате да ги користите сега.
Имаме повеќе примери, каде што, со помош на ремаркетинг, сме успеале да дојдеме до 3-5 пати по голема продажба со една инвестиција.
Automatic bidding, како голем тренд во дигиталното огласување, е практично присутен на AdWords без додатни трошкови, ако се користат добри ремаркетинг и бидинг стратегии.
- Како до подобар quality score на AdWords?
Quality score-от е нај големата тајна на AdWords. Како што SEO-то ја одредува позицијата на огласот во органскиот/природниот редослед, така и quality score-от ја одредува позицијата на огласот, односно колку треба да платите за некоја позиција.
Quality score-от сеуште највеќе зависи од CTR-от (click through rate или мерењето на кликови и импресии во огласот), но Google објави дека на него влијаат и landing page искуствата, ad relevance и некои други фактори како sitelinks и слично.
Ако QS е 7 или по висок (QS се прикажува како број од 1-10), можете мирно да спиете. Не значи дека не може по добро, но ако веќе сте на 7 или по високо, немате зошто премногу да се грижите. Ако QS-от е помал, треба да пробате да го покачите. Нај добро е на почеток да пробате да го поправите CTR-от (обично, треба да е од 2% до 5%), да се напишат сајтлинкови и другите проширувања на огласот (Call out, location, Call и слично), а потоа да се поправи релевантонста со креирање на подобри огласи или користење на DKI (dynamic keyword insertion). Ако сето тоа не успее, треба да се провери лендинг пејџот.
- Дали постоји минимален буџет кој се препорачува за видлив ефект на кампањата?
Не постои такво нешто како нај мал влог. Односно, дневниот буџет и цената на кликот се минимално нај малата единица од валутата на која е поставен акаунтот. Ако акаунтот е поставен на EUR, тогаш тоа е 1 евроцент, ако е во Куни, тоа е една липа. Минималната уплата е околу 10 EUR, и тоа може да трае без ограничување.
Моето искуство е дека не треба да се вложува премалце, бидејќи тоа нема ефект. Мислам дека за Македонија, тоа би било околу 2-5 EUR/дневно. Секако, зависи од конкуренцијата и индустријата.
- Ќе не почастите ли со неколку најдобри практики?
Имам многу одлични примери на добри практики, но невозможно е да се набројат во едно интервју. На пример, имавме случај со поимот “тамбурица” или “личка капа” кои ги продававме во целиот свет. Тие што ги пребаруваат тие зборови од Австралија на пример, веројатно се наши иселеници кои сакаат да ги купат тие производи.
Македонија, слично како и Хрватска, има голем број на луѓе кои се иселиле во странство. Тоа е еден огромен потенциал, бидејќи македонците се многу вредни, работливи и добро ситуирани. Сигурен сум дека би купиле спомени од родниот крај без да запазат многу на цената. Овој пример, сеуште не сум приметил некој да го аплицира во Македонија. Google може да стане нај добриот комерцијалист, само ако знаете како да го користите.
Интервјуто го реализираше Гент Мехмети.
Гент Мехмети е контент рајтер и дигитален маркетер со претходно долгогодишно искуство како новинар и уредник во ТВ, радио, пишани и онлајн медиуми. Моментално е Менаџер за Корпоративни Комуникации во LEORON Professional Development Institute. Гент на Twitter: https://twitter.com/gemehm