Почнувајќи од 01.02.2024 година, секој работен ден во текот на февруари, на Фејсбук ќе се откриваат новите финалисти на овој регионален натпревар – а само најдобрите од нив ќе добијат статуетки на Денови на комуникациите!
Овогодинешното издание на регионалниот натпревар BalCannes уште еднаш ги обединува најдобрите меѓу најдобрите кога станува збор за агенции и огласувачи од Босна и Херцеговина, Хрватска, Македонија, Словенија и Србија, и го слави духот на овие простори. Од година во година, BalCannes ги наградува креативноста и оригиналноста што опстојуваат и покрај бројните предизвици на пазарот. Сите етаблирани агенции, како и оние кои штотуку се пробиваат на креативната сцена, уште еднаш добија можност да покажат на какви проекти напорно работеле во изминатата година.
А, оние кои се истакнаа меѓу нив и го освоија статусот финалисти, ќе имаме можност да ги гледаме веќе од 1 февруари 2024 година на Facebook страницата на BalCannes, каде секој ден од понеделник до петок ќе се откриваат по два проекти финалисти – и така сè до крајот на февруари! Ве молиме имајте предвид, финалистите ќе се објавуваат по азбучен редослед според името на проектот, па затоа не пропуштајте ги вестите и заследете го BalCannes на Facebook.
Добитниците на наградите, како и најдобрите меѓу финалистите објавени на Facebook страницата на BalCannes, ќе бидат прогласени на свечената церемонија на доделување награди на новото издание на фестивалот Денови на комуникациите, што ќе се одржи во Ровињ од 11 до 14 април 2024 година.