Единствената глобална програма посветена на креативната извонредност во комуникацијата на луксузните брендови, World Luxury Awards 2025, ги објави овогодишните добитници. Наградите ги слават најдобрите проекти во огласувањето, брендирањето и дигиталното раскажување приказни, оддавајќи признание на умешноста, иновацијата и визијата што го обликуваат современиот пејзаж на луксузните производи.
Во време кога луксузните брендови пренесуваат многу повеќе од чиста естетика, креативноста станува јазик на идентитет, наследство и емоција. Овогодишните добитници – меѓу кои се најдоа брендови како Cartier, Chanel, Mandarin Oriental, Porsche, Vacheron Constantin и Armani Residences – покажуваат како уметноста, дизајнот и раскажувањето на приказни го дефинираат постојано променливиот дух на современиот луксуз.
По повод 60-годишнината од своето основање, Mandarin Oriental го претстави „AI on Canvas“ – живописен уметнички перформанс што ја спојува вештачката интелигенција со древната традиција на кинеското сликарство со мастило. Делото, замислено од агенцијата London Advertising во соработка со сер Питер Блејк, претставува продолжение на иконичната кампања „I’m a Fan“ на брендот.
Porsche ја доби златната награда во категоријата „Branding & Visual Identity“ за кампањата „Macan Electric“. Проектот, реализиран од J4D, го претвори градскиот пејзаж во жива галерија на движење и светлина, одразувајќи ја прецизноста на дизајнот и визионерската енергија на возилото.
Целосно новото дигитално искуство „Watches & Wonders“ на Cartier, создадено од Immersive Garden, претставува елегантно онлајн патување низ занаетчиството и раскажувањето приказни, револуционизирајќи го начинот на кој се претставува високото часовничарство.
Аукциската куќа Phillips беше наградена за кампањата „Visual Language: The Art of Irving Penn“, посветена на седумдецениското наследство на славниот фотограф Ирвин Пен. Проектот го чествува мајсторството на Пен преку ретки дела изложени пред јавноста за првпат.
„Armani Residences Diriyah“ е имерсивен филм што ја доловува синергијата меѓу локалното наследство и занаетчиската префинетост на Armani, во срцето на најлегендарниот град на Саудиска Арабија. Реализиран од студиото Binyan, овој проект претставува совршен спој на културна автентичност и безвременска елеганција.
За Chanel, студиото 60fps создаде флуидно 3D дигитално искуство за „Bleu de Chanel L’Exclusif“, во кое движењето, елеганцијата и префинетиот дизајн се спојуваат за да ја изразат модерната интензивност на овој парфем.
Репутациската кампања на Vacheron Constantin, изработена од Numbered, беше наградена за прикажувањето на човечката уметничка умешност во сржта на високото часовничарство, додека делото на Доминик Пикон за ресторанот Le Clos des Sens понуди имерсивен портрет на гастрономијата со мишелин-ѕвезди и француската префинетост.
Во своето осумнаесетто издание, World Luxury Awards ги одликуваа најистакнатите креативни достигнувања во светот на модата, хотелите, рестораните, автомобилите, часовниците и накитот, славејќи ги исклучителните приказни и дизајнот што ја обликуваат културата на луксузот.
Целосната листа на добитници е достапна на следниот ЛИНК.
















