Самиот чин на свечено отворање на Олимписките Игри во Рио како никогаш досега привлече огромно внимание од целата светска јавност и тоа не остана незабележано од топ брендовите кои одвоија големи средства за да се појават за време на спектаклот следен од милиони гледачи низ целиот свет.
Ако сеуште не сте погледнале како изгледаше прекрасната церемонија, истото можете да го направите ТУКА, а во продолжение погледнете некои од најдобрите видео реклами на светските топ брендови кои се потрудија да се појават за време на комерцијалните паузи во текот на свеченото отварање.
NIKE
Спектакуларната “Unlimited you“ реклама на Nike работена во соработка со агенцијата Wieden & Kennedy Portland ја надминува границата на прочениот најки слоган “Just Do It“ и прикажува атлети од секојдневниот живот кои достигнуваат нови (неверојатни) остварувања.
https://www.youtube.com/watch?v=VEX7KhIA3bU
HONDA
Со својата најнова ТВ реклама, Хонда става акцент на својата линија на камиончиња. Рекламата е работена во соработка со агенцијата RPA.
SAMSUNG
Актерот Christoph Waltz игра улога на сите “видови“ американци и дава нов агол на US патриотизмот во новата реклама на Самсунг која го промовира новот Galaxy Note 7.
https://www.youtube.com/watch?v=luMU9GyFXMs
WALMART
Ланецот супермаркети Walmart ги слави работливите американци на драматичен начин. Во позадина се слуша легендарната Dream On песна на Aerosmith. Рекламата е работена во соработка со агенцијата Saatchi & Saatchi New York.
DICK`S
Мегамаркетот за спортска опрема Dick’s во својата реклама покажува како златото е во секој од нас (Gold in US).
https://www.youtube.com/watch?v=SKMICJB3dI0