Најдобрите и светски признатите креативци од агенциите Droga5 Њујорк, McCann Милано, 4129 Grey Истанбул и Demner, Merlicek & Bergmann Австрија, се само некои од предавачите на третиот по ред национален фестивал на интегрирани комуникации во Србија – KAKTUS 2017, кој ќе се одржи на 1 и 2 ноември во хотелот Crowne Plaza во Белград. Под овогодишниот слоган “Look SHARP. Think SHARP”, акцентот на фестивалот ќе биде на интеграцијата, но и на различните, „остри“ идеи, кои излегуваат од границите на очигледното.
Како и минатата година, KAKTUS 2017 ќе им понудина учесниците квалитетна и разновидна програма од различни области на интегрираните комуникации, како и преглед на најновите светски трендови, а фестивалот ќе го отвори Paul Meates, креативен директор на една од најнаградуваните американски агенции Droga5, со предавањето на тема “The Ripple Effect”. Paul во текот на кариерата искуството го стекна во агенциите ширум светот – brainCELLS Перт, Rothco Даблин, The George Agency (Publicis Group) Мелбурн, GPY&R Мелбурн, Clemenger BBDO Аделаида, креирајќи кампањи за најголемите светски брендови. Неговите креативни кампањи освојувале награди на сите најзначајни меѓународни фестивали Cannes Lions, Effie, Clio, AdFest, One Show, MADC, The WEBBYS, London International, Spikes Asia, ADMA и др.
Атрактивно предавање на тема “Attention marketing: How we can hack the consumer mind and get their attention” ќе одржи Alemsah Ozturk, коосновач и главен креативен директор на агенцијата 4129 Grey EMEA (Турција). Alemsah ја основа дигиталната агенција 4129 во февруари 2007 година, а од мај 2015 година се спои со Grey Истанбул и е именуван за директор на новата full service агенција 4129 Grey. Многу е активен на социјалните мрежи со 320k+ следачи на Твитер, каде што ги споделува своите размислувања за креативната култура. Прогласен е и за претприемач за пример, од страна на поранешниот потпретседател на САД Џо Бајден.
На учесниците на фестивалот во рамките на интерактивните креативни разговори, ќе им се претстави и Eoin Sherry, креативен директор на агенцијата McCann Милано (Италија). Тој е меѓународно наградуван мултидисциплинарен креативец. Во текот на кариерата свето искуство го стекнал во агенциите во Шпанија и Италија, креирајќи кампањи за најголемите светски брендови. Неговите креативни кампањи освојувале награди на сите најзначајни меѓународни фестивали Cannes Lions, Clio, One Show, El Sol, Art DIRECTORS CLUB, CdeC, Echo Awards, EFFIE, John Caples.
Вториот ден на фестивалот ќе биде организирана THINK TANK работилница за агенциите, компаниите и студентите на различни теми од струката. Една од работилниците на тема “Very good bad example” ќе ја води и Душан Дракалски, Executive Creative Director на агенцијата Demner, Merlicek & Bergmann (Австрија). Душан, во последните 10 години, работи како филмски и креативен директор. Кариерата ја започна во 1997 година во агенцијата S Team Bates Saatchi & Saatchi. До неодамна беше на позицијата регионален креативен директор во агенцијата New Moment New Ideas Company Y&R. Беше и високо оценет предавач на фестивалите во Кан, Golden Drum и Eurobest, а ги има освоено и сите меѓународни награди.
Во рамките на вториот ден на фестивалот KAKTUS 2017, ќе бидат доделени и наградите за најдобрите во струката, за кои конкурирале дури 124 кампањи. Наградите се доделуваат во 22 категории, а ги добиваат орагнизации, компании, институции и агенции за најквалитетни и најпрофесионални интегрирани кампањи во изминатата година. За тоа кој ќе ги добие овогодишните KAKTUS награди, одлучува стручно жири кое е составено од 22 угледни професионалци од креативни, ПР и дигитални агенции од Србија и регионот.
Повеќе информации за фестивалот KAKTUS пронајдете на сајтот www.kaktus.rs.