Британскиот ланец на супермаркети Waitrose & Partners ја лансираше својата нова Божиќна кампања насловена “Best Bit of Christmas” („Најдоброто од Божиќ“).
Се работи за хумористична реклама во која главната актерка посочува дека сите Божиќни традиции се убави, но дека најубавото од сé е храната – без разлика на време, место или прилика.
Слоганот на крајот од рекламата гласи “You can taste when its Waitrose Christmas” („Можете да вкусите кога е Waitrose Божиќ“).
Кампањата е создадена со помош на креативната агенција Adam & Eve/DDB и продукциската куќа Biscuit Filmworks.