Многу луѓе сé уште ги чувствуваат последиците на ковид-19 врз нивниот организам, иако тие официјално веќе се избориле со вирусот. Едноставно, луѓето со „продолжен ковид“ често се чувствуваат како симптомите никогаш да не го напуштиле нивното тело.
Со цел да ја подигне јавната свест за тешкотиите со кои се соочуваат овие луѓе, креативната агенција The Leith Agency создаде необична кампања за британската фондација Covid Aid која што вклучува исклучително долги out-of-home принт реклами.
Печатените реклами, кои се поставени на автобуски постојки, се толку долги што не се вклопуваат во зададениот огласувачки простор, туку се влечат по должината на тротарот. Притоа, долгите постери раскажуваат есеј за некоја жена по име Ејми и за негативните афекти на „продолжениот ковид“ со кои таа се соочува.
Самото гледање на рекламата може да поттикне нејасно чувство на замор при помислата дека треба да ја прочитате долгата приказна на Ејми.
Според Covid Aid, околу два милиони луѓе во Обединетото Кралство сé уште се справуваат со пост-ковид ефекти, но и други проблеми предизвикани од пандемијата како тага и разни форми на траума.
Covid Aid е добротворна организација која нуди советување и курсеви за самоподобрување на луѓе кои се соочуваат со „продолжениот ковид“ или за луѓе кои изгубиле блиски поради вирусот.