Кон одличната листа на предавачи на фестивалот за креативност и комуникација се приклучува и креативецот Ообах Батлер, кој смело и автентично го менува светот – на често бизарни, но без сомнение забавни начини!
Денови на комуникациите, типично-нетипичниот фестивал на комуникациската индустрија што се одржува во Ровињ од 11 до 14 април, веќе неколку години упорно ги подготвува своите учесници секогаш да го очекуваат неочекуваното, па ја продолжува оваа традиција и овој пат. Сите креативци, маркетери, дигиталци, претставници на медиумите и други комуникатори кои ќе бидат дел од ДК заедницата ќе уживаат во предавањето на креативна личност која никој не успеал да ја ограничи во рамките на конвенционалноста – на DK2024 се враќа необичниот репортер кој ги поместува границите на традиционалното новинарство на најзабавен можен начин – Ообах Батлер.
Највисоко оценетиот лажен лондонски угостител на TripAdviser, најдобриот лажен дизајнер на Париската модна недела, водителот на емисијата Catfish UK на MTV и авторот на бестселер на LA Times, на главната сцена на Денови на комуникациите ќе истакне важен аспект на овогодинешната фестивалска тема – која ги испреплетува однесувањето на потрошувачите, бихејвиоралната позадина на носењето одлуки и улогата на лажните вести во општата (не)рационалност на општеството.
Публиката на Денови на комуникациите го запозна овој познат шегаџија уште во 2019 година, кога зборуваше за неговиот неконвенционален пристап кон едукацијата со маестрални проекти за лажни вести, а во меѓувреме на својата листа на титули ја додаде и онаа на прославен филмаџија. Ообах Батлер уште еднаш го шокираше Интернетот кон крајот на 2023 година, кога, според Fox News, тој „разоткри сериозни обвинувања за корпоративната култура на технолошки гигант“ во документарен филм за Amazon, обединувајќи ја публиката низ политичкиот спектар со своите откритија. Токму неговото предавање „The Great Amazon Heist“ ќе ги отвори очите на учесниците на фестивалот, изложувајќи ги експлоатативните деловни стратегии на глобалната компанија и ќе го претстави својот неверојатен проект за разоткривање на вистинското лице на Amazon и избегнувањето на сите правни заплетки со кои големата корпорација сакала да се заштити.
Овој креативец го искористи целото свое знаење во својот најнов и можеби најтежок потфат, покажувајќи дека неговите вештини добро созреале, така што во крајниот репортерски проект – како Дејвид против Голијат – со неизоставниот зачин на лажните вести, и овој пат успеал да заврши победнички. Британските практични шеги се уметничка форма на умирање, вели Гардијан, но Ообах Батлер е еден од ретките шегаџии во чија работа ние како општество сè уште навистина уживаме. Креативноста и критичкото размислување се совршениот рецепт за победа, како што покажуваат повеќекратните примери на Батлер, кои – комбинирајќи искрени репортерски вештини и урнебесна храброст за неочекувани потфати – нè учат дека одењето по негазениот пат никогаш не е лесно, но на крајот секогаш носи награда.
Да потсетиме, распоредот на фестивалот е веќе објавен и најавени се голем број предавачи на типично-нетипичните Денови на комуникациите. На учесниците во Ровињ ќе им се придружи светски познатиот бихејвиорален економист, психолог и научник. кој се занимава со човековото однесување, Ден Арили; креативниот бунтовник од Азија со повеќе од илјада награди за неговата работа, Јуџин Чеонг, поддржано од ENNA; футуристот и светски познат експерт кој ја користи науката за деконструирање на стресот и мотивацијата, Шиви Џервис; водечкиот комуникатор на Google AI Lab Deepmind, SpaceX и Facebook, Декс Хантер-Торике, поддржано од Google; првата адвокатка специјализирана за регулативата и авторските права во сферата на видеоигрите, која ќе не одведе на патување низ контроверзниот метаверзум, Микаела Мантења; светски познатиот невронаучник и лидер на новата генерација маркетинг лидери, Моран Серф, поддржано од Hrvatski Telekom; основачот на виралните Фејсбук страници UNILAD и LADbible и еден од првите што сфати колку навистина влијателни можат да бидат социјалните медиуми, Алекс Партриџ, поддржано од Konzum; светски познатиот бренд стратег кој создава уникатни искуства за брендовите, водејќи ги до нивните деловни цели Брајан Колинс; глобално наградуваниот говорник, автор и тренер за комуникација кој ги трансформира компаниите, менаџерите и лидерите во комуникациски мајстори, Марник Вандеброек; маркетинг експертот специјализиран за раст на брендовите и авторка на бестселерот “The Laws of Brand Storytelling”, Џесика Џоглио – и голем број други големи светски имиња во индустријата кои ќе понудат непроценливи искуства, завидно знаење и врвни сознанија.
Сите креативци, маркетери, дигиталци, претставници на медиумите и други комуникатори кои и оваа година сакаат да бидат во друштво на регионалните и светски лидери на пазарот, повеќе информации за учество можат да најдат на www.danikomunikacija.com.