SoMo Borac поддржан од Httpool, кој оваа година ќе се одржи 11-ти пат со ред, се позиционираше како настан кој ја обединува дигиталната заедница и ги наградува најдобрите креативци од дигиталната индустрија. За прв пат настанот ќе се одржи во формат на целодневна конференција на која ќе се соберат бројни експерти од областа на дигиталниот маркетинг.
На овогодишното издание на SoMo Borac свое предавање ќе одржи Тео Широла, генерален извршен директор на Музејот на илузиите. Широла ја започна својата кариера како консултант за корпоративни финансии, беше генерален директор на Glove за Хрватска, а во 2021 година ја презеде функцијата генерален оперативен директор (COO) на Музејот на илузиите – најголемиот ланец на приватни музеи во светот со повеќе од 45 локации во 25 земји. Денес, Музејот на илузии е еден од најуспешните хрватски извозни производи, а до 2026 година планираат да отворат дури 100 нови локации. На овогодинешниот SoMo Borc, Широла ќе зборува на предавање насловено „Од Загреб до Лас Вегас – Хрватска приказна за успехот“ за тоа како Музејот на илузии успеал да постигне глобална препознатливост.
Леа Станковиќ работела како консултант за BACB и Fiat Auto и како финансиски аналитичар, а денес е извршен директор на маркетинг агенцијата Communis. На SoMo Borac ќе одржи предавање „Технологијата е празна приказна“ за новите технологии во огласувањето и колку е важно да се знае добро да се користат. Леа истакнува дека технологијата сама по себе не е пресудна за корисниците и дека не е важно брендот прв да користи одредена алатка што ни ја обезбедуваат новите технологии, туку да биде квалитетно искористена.
Што можат да направат маркетинг професионалците и медиумите за да привлечат и задоволат посакувана, но прибирлива целна публика, ќе открие Иван Брезак Бркан, кој со својот тим во Netokracija успеа да создаде една од најголемите IT публики во регионот. Иван е воедно и основач на Netokracija, водечки медиум во Хрватска и регионот посветен на технолошката индустрија, и директор на програмерски содржини во првиот хрватски „еднорог“ – Infobip, а на SoMo Borac ќе го одржи предавањето „Програмерите мразат маркетинг, сега што?“. Во текот на неговата кариера, Иван им помогнал на многу компании да ги раскажат своите успешни приказни, без разлика дали станува збор за ексклузивни или содржини за брендирање на работодавците. Тој го лансираше регионалниот технолошки поткаст Netokracija Podcast, а како дел од Infobip – и глобалното списание за програмери ShiftMag.
На SoMo Borac како гостински предавач исто така доаѓа Иван Кордиќ, генерален маркетинг директор во Shoppster, најголемата онлајн и ТВ продавница во регионот. Српската верзија на Amazon, освен во Србија, со години успешно ги покрива и пазарите во Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Грција и Бугарија. На своите партнери низ регионот им гарантира висококвалитетна комуникациска логистика, како и добро насочена ТВ и онлајн промоција. Во своето предавање „Маркетиншката „инка“ не постои“, Кордиќ ќе се осврне на споредбата на класичниот маркетинг и „инката“ на перформанс маркетингот.
SoMo Borac е најважната награда за дигитални проекти во регионот, која се доделува веќе единаесетта година по ред, а коорганизатор на овој настан е Хрватската асоцијација на дигитални издавачи (ХУДИ). Конкуренцијата секоја година е се’ посилна, а стручното жири е се’ побројно. Наградите се доделуваат во два текови – SoMo Media, која ги обединува дигиталните издавачи од најважните регионални медиуми и SoMo Advertising, која ја обединува заедницата на дигитални огласувачи од целиот регион.
Сите новости во врска со SoMo Borac можете да ги следите преку нивниот newsletter, на официјалната веб-страница, или преку социјалните мрежи Facebook, Instagram и LinkedIn. Исто така не заборавајте да ги следите интересните соговорници на поткастот SoMoCast, кој што се реализира во соработка со стриминг платформата Voyo, а достапен е на следните канали: YouTube, Spotify, Deezer, Apple Podcasts и Google Podcasts.