Вообичаено, огласувачите секогаш се стремат да го истакнат најдоброто за себе, кои се нивните предности и што е нивниот позитивен придонес во животот на потрошувачите. Ретко ќе најдете бренд кој ќе се одлучи во својата најнова реклама да ги посочи кои се најлошите работи за нив.
Но, таков е случајот со најновата реклама на брендот за брза храна Бургер Кинг за бразилскиот пазар, во која е претставен негативниот амбиент на рестораните на Бургер Кинг во доцните ноќни часови, исполнет со секакви непријатности предизвикани од бројните пијани гости кои се обидуваат да се отрезнат со храна.
Која е поентата на една ваква реклама? Промоција на сервисот за достава на Бургер Кинг. Едноставно, ако не сакате да се соочите со непријатните ситуации прикажани во рекламата – ќе си нарачате преку сервисот за достава.
Во суштина рекламата е генијална, во стил на мислители како Хегел и Жижек, дека и негацијата на некоја особина на објектот го дефинира и зацврстува неговиот идентитет – па така, негацијата на позитивноста на рестораните на Бургер Кинг во доцните ноќни часови го зацврстува позитивниот идентитет на нивниот сервис за достава. Да на го споменуваме и симболичкиот контраст на самата класична музика во позадина.
Креативната агенција која стои позади рекламата е Ogilvy Sao Paolo, чиј директор за комуникации и иновации, Соуза Николау, во однос на кампањата истакна: „Ние секогаш го следиме однесувањето на нашите клиенти, сé со цел да создаваме понуди и услуги што се склони кон нивните потреби“.