Хрватското здружение за пазарно комуницирање (HURA) како водечко стручно здружение во секторот на пазарните комуникации во Хрватска, овие денови на нашите пазари го претставува новиот Европски стандард за видливоста на дигиталното огласување. Оваа најнова иницијатива на европско ниво ја покренаа Европската група за координација на видливоста на онлајн огласите, Светското здружение на огласувачи и Европското здружение на комуникациски агенции, чијашто активна членка е и HURA.
Иницијативата е замислена како решение кое во иднина ќе им помогне на агенциите и огласувачите кои веќе подолго време се во дилеми кога станува збор за видливоста на дигиталното огласување и како всушност најточно може да се мери успехот на дигиталните кампањи.
Колку ова стана се` поголем проблем на пазарот, сведочи и фактот што моментално различни платформи имаат различни стандарди кога станува збор за дефинирање на видливоста на огласуваната содржина. На пример, на Фејсбук огласот се смета за видлив ако најмалку 50% од огласот е видлив на екранот во текот на една секунда, а додека на Твитер тоа мора да биде 100%. Агенциите исто така користат свои стандарди, а во сето тоа, ниту огласувачите не се сигурни до кои стандарди точно треба да се придржуваат.
„Видливоста на дигиталното огласување е еден од клучните KPI-еви во нашата индустрија и дефинитивно е време и на нашиот пазар да почне да се применуваат некои европски и глобални стандарди кога станува збор за мерењето на спроведувањето на кампањата во Хрватска на сите полиња, па така и кога станува збор и за дигиталното огласување. Огласувачите неретко прибегнуваат кон дефинициите за видливоста на кампањите кои тие самите ги поставиле, па затоа станува се` поважно тие правила да се изедначат и на тој начин да им се помогне на сите кои се вклучени во индустријата на дигиталното огласување“, порачуваат од HURA и додаваат дека здружението и понатаму ќе продолжи да се поврзува со иницијативите кои ги поставуваат светските стандарди, трендови и регулативи во индустријата.
Целта на Европскиот стандард за видливоста на дигиталното огласување е всушност намалување на нееднаквоста при презентирање на резултатите со различни методи на мерење на видливоста на огласувачките кампањи, а тоа е резултат и на обемни дискусии и консултации помеѓу издавачите, медиските агенции, огласувачите и производителите на посебни технологии во огласувањето. Сите се согласуваат дека дефинирањето на попрецизна метрика на дигиталните огласи ќе осигура и полесна споредливост со останатите медиски формати, како телевизијата.
Освен подигнување на квалитетот и изедначување на стандардите, кога станува збор за мерењата во дигиталното огласување, со најновата иницијатива се сака да се подобри и корисничкото искуство и да се зголеми довербата во дигиталното огласување.
„Дигиталното огласување има сигурно уште предизвици на кои мораме да поработаме, но намалувањето на нееднаквоста кога се во прашање методите на мерење на видливоста на огласувањето е клучен чекор кој ќе ја зголеми довербата во метриката, па со самото тоа и во резултатот, кога станува збор за дигиталното огласување“, тврди Jon Chase од EACA.
Организации и нивни претседатели кои стојат позади иницијативата се:
IAB Europa:
- Karim Attia, Chair Brand Advertising Committee, IAB Europe
- Alison Fennah, Executive Business Advisor, IAB Europe
- Suzanne McElligott, Board Member, IAB Europe and CEO, IAB Ireland
- Tim Jones, Chair Research Committee, IAB Europe and International Research and Consumer Insight Lead, Oath
EACA:
- Jon Chase, Претседател на советот на медиски агенции, EACA
- Dan Watson, Директор на дигиталниот оддел, Carat Global
- Bethan Crockett, Управување со ризици, GroupM
WFA:
- Rob Dreblow, Глобално седиште за маркетинг, WFA
- Sital Banerjee, Глобално седиште за медиуми, Philips
- Gerhard Louw, Медиски менаџмент и дигитални трансформации, Deutsche Telekom
Велика Британија – JICWEBS (IPA, IAB UK, ISBA, AOP):
- Nigel Gwilliam, IPA
- Jon Mew, CEO, IAB UK
Германија – BVDW and AGOF:
- Bjorn Kaspring,Извршен претседател, AGOF
- Thomas Duhr, Потпретседател, BVDW
Франција – Digital Ad Trust (ARPP, Geste, IAB France, SRI, UDA, UDECAM):
- Jean-Baptiste Rouet, UDECAM
- Valérie Chavanne, Потпретседател, IAB Франција
- Hélène Chartier, Генерален директор, SRI
Италија – UPA, IAB Italy and Assocom:
- Anthony Cardamone, Assocom и IAB Италија
- Alberto Vivaldelli, Дигитален менаџер,UPA