Компанијата Celebrity Intelligence истражи 60.000 профили социјалните мрежи на славни личности и состави топ 20 листа врз основа на вредноста на договорите за промоција кои овие инфлуенсери ги потпишале претходната година
Моделите Бела Хадид, Кендал Џенер и Џиџи Хадид се прогласени како најуспешни славни бренд амбасадори во 2017 година, според новите истражувања на компанијата Celebrity Intelligence.
Оваа компанија истражила 60.000 профили на социјалните мрежи на славни личности, и состави топ 20 листа врз основа на вредноста на договорите за промоција, кои овие инфлуенсери ги потпишале претходната година. Бела Хадид скокна за шест места на листата и ја презеде првата позиција по потпишувањето на 14 договори за промоција со дизајнерските брендови како што се Версаче, Булгари, Фенди и Александар Ванг.
Извештајот напоменува дека нејзината публика на социјалните мрежи (преку 960.000 обожаватели на Твитер и 16.4 милиони на Инстаграм) силно ги фаворизира брендовите како Шанел и Кристијан Диор, што значи дека Хадид претставува врвен избор за луксузни брендови.
Нејзината постара сестра Џиџи Хадид се најде на третото место, откако работеше со брендови како Vogue Eyewear и Moschino, и тоа откако лансираше сопствена линија со Maybelline New York. Кендал Џенер се најде на второто место, откако ги преброди контроверзиите околу рекламата на Пепси, и потпиша договори со Адидас, Александар Ванг, Даниел Велингтон и Топшоп.
1. Bella Hadid
2. Kendall Jenner
3. Gigi Hadid
4. Tom Daley
5. Kim Kardashian West
6. Jasmine Sanders
7. Taylor Hill
8. Karlie Kloss
9. Sofia Richie
10. Demi Rose Mawby
11. Snoop Dogg
12. Charlee Fraser
13. A$AP Rocky
14. Sam Quek
15. Chris Hughes
16. Adwoa Aboah
17. Steve Aoki
18. Joan Smalls
19. Yara Shahidi
20. Slick Woods