Рестрикциите предизвикани од пандемијата нé натераа во изминатата една година да се повлечеме во нашите домови, нашите мали светови кои одеднаш станаа сиот наш сет. Наши канцеларии, наши училишта, наши теретани, ресторани и кина. Нашите домови мораа да бидат сé.
Во едни вакви времиња без преседан, еколошката одржливост, еден од главните приоритети на шведскиот бренд за мебел IKEA, не се најде на приоритетната листа на многу луѓе. Меѓутоа, според IKEA, местото во кое луѓето беа принудени да се повлечат за време на пандемијата е токму местото каде што тие можат најмногу да ѝ помогнат на планетата.
Тоа е идејата позади новата реклама на IKEA, наменета за канадскиот пазар, која ги прикажува луѓето како живеат на своите мали планети. Гледаме како тие си ги живеат своите секојдневни животи, истовремено преземајки различни мали и големи активности за да ги подобрат тие мали животни простори. На крајот на краиштата, она што го правиме во нашиот дом, во нашиот сопствен мал свет, може да го промени целиот голем свет.
Покрај централниот спот, кампањата создадена со помош на креативната агенција Rethink ќе вклучува и дигитални out-of-home и онлајн активности, со цел промоција на одржливите производи на IKEA. Креацијата на тродимензионалните анимации за овие активности е остварена со помош на студиото SHED од Монтреал.