Наредниот четврток на 12 мај, со почеток од 18:00 часот во кафе-бар Стоби (ГТЦ) во Скопје ќе се одржи новото 16-то по ред издание на најпрестижниот бизнис-нетворкинг настан кај нас “Бизнис Кафе Македонија“.
Посетителите овојпат ќе имаат можност да се запознаат со тројца исклучително истакнати професионалци од маркетинг, медиа и ПР индустријата, да чујат за нивните професионални ангажмани и да научат од разно-разните деловни искуства.
Гости на настанот ќе бидат :
Ангелка Пеева Лауренчиќ – еден од пионирите во комуникациската индустрија во Македонија, редовно вбројувана меѓу македонските топ менаџери и највлијателни бизнис жени. Повеќе од 10 години раководи со една од водечките ПР агенции во земјава Имиџ ПР, работејќи на комуникациски проекти за најголемите македонски брендови.
Како еден од водечките специјалисти за стратегиски комуникации и односи со јавност Пеева-Лауренчиќ своето знаење го споделува и со студентите на една високо-образовна институција а во својата работна биографија вклучува и искуство како член на македонскиот парламент.
Борјан Колемишевски – еден од најпознатите маркетинг професионалци во Македонија со богато работно искуство во повеќе македонски топ компании.
Својата кариера ја започнал во акционерското друштво А.Д. Фершпед каде 6 години го раководел секторот за маркетинг. Од таму својата кариера ја продолжил како маркетинг директор на Алфа Телевизија а подоцна и како одговорен за маркетинг и продажба во винаријата Сковин. Од почетокот на јануари 2015 година, Колемишевски е главниот мотор на маркетинг тимот на најголемиот шопинг мол во државава, Скопје Сити Мол каде работи како Маркетинг-менаџер. ; како и
Жарко Димитриоски – популарна македонска медиумска личност, најпозната по многубројните ТВ проекти. Димитровски е автор,извршен продуцент и креативен директор на маркетинг агенцијата и ток шоуто Еден на Еден. Агенцијата со која раководи е првиот и засега единствен официјален YouTube партнер во Македонија.
“Бизнис Кафе Македонија” обично трае 2 часа во кои првиот час е резервиран за гостите, успешни сопственици – претприемачи, кои во отпуштена атмосфера одговараат на прашања на модераторот и гостите, делејќи го своето работно и животно искуство, а потоа следува делот за бизнис вмрежување (speeddating) и дружење.
Главен покровител на 16-тото по ред издание на Бизнис Кафе Македонија е Агенцијата за истражување и стратегиски маркетинг Insider ID.
Учесниците на бизнис кафето добиваат еден пијалок (кафе, вода или сок) од организаторот, нови контакти, договарање на соработка, мотивација, делење на информации и знаења, размена на искуства, стекнување на нови потенцијални клиенти и бизнис партнери, можност за освојување на интересни награди.
Карти за настанот може да се купат online преку “Купи карти за се“ на следниов ЛИНК, или на фактура со претходна резервација на: katerina@mkbizniskafe.com