Џек Дорси и тимот на Твитер постојано размислуваат за начините преку кои ќе можат да го зголемат бројот на корисници, но и како да ја искористат популарноста на мрежата и сегашната голема база на корисници.
Меѓу потенцијалните нови опции, веќе подолго време се споменува можноста за креирање групи, со цел да се поврзат корисниците со исти интереси како што се спорт, музика и сл., но и две опции благодарение на кои корисниците на оваа мрежа би можеле да започнат да заработуваат пари.
Една од овие опции се т.н. супер следбеници, односно претплата на мрежата и на профили со кои следбениците би добиле некаква ексклузивна содржина која што не би била достапна за оние кои нема да ја плаќаат претплатата. Друга ваква опција е можност за „обожавателите“ директно да ги поддржат нивните омилени креатори на содржини чија работа ја ценат. Благодарение на еден корисник на таа мрежа, оваа дознавме како треба да изгледа опцијата на давање “финансиска поддршка“ на корисниците на Твитер.
На профилот на Твитер, лево од опцијата за следење, нотификации и иконата со три точки со која се отвораат нови опции на оваа мрежа, би требало да се појави и икона со банкнота. Со кликнување, односно со допирање на таа икона, ќе се појави листа со неколку платформи преку кои корисниците ќе можат да им платат на корисниците. Меѓу нив е апликацијата Cash App (чиј извршен директор е шефот на Твитер Џек Дорси) потоа Bandcamp, Patreon, PayPal и Venmo.
Твитер сè уште молчи за новите опции, така што не е познато кога тие би можеле да додадат опција за плаќање на корисничките профили, а не е познато дали оваа опција ќе биде достапна за сите корисници или само за некои попопуларни, со поголем број на следбеници.