Gerety Awards се глобални креативни награди кои имаат за цел да го наградат најдоброто во адвертајзингот низ женската призма.
Жирирањето на кампањите е веќе во тек, а прелиминарниот избор ќе биде објавен наскоро, на 21 септември. По објавувањето на прелиминарната листа, ќе се одржат серија на жири-дебати кои ќе бидат стримувани во живо.
Целосно-женското жири на Gerety Awards ги редефинира стандардите на адвертајзингот, а жири-дебатите на кои ќе се дискутира за најдобрите кампањи од прелиминарната листа имаат за цел да го подигнат нивото на инклузивност.
Целосниот календар каде и кога ќе се одржуваат онлајн сесиите на жирирање ќе биде објавен на профилите на Gerety Awards на социјалните платформи.
„Овие сесии во живо ќе го доловат гласот и мислењето на нашето неверојатно жири од целиот свет. И покрај замената на сесиите на жирирање со онлајн состаноци, дискусиите не беа помалку фантастични и ние сме возбудени што ги споделуваме со светот! Gerety Awards се уникатни во создавањето на простор за она што треба да се случи и претставува единствената креативна награда која на најдобрите кампањи им обезбедува награда од агенциските и бренд лидери во светот, истовремено покажувајќи им на клиентите и заинтересираните страни дека победничките кампањи одекнуваат кај најмоќните потрошувачи во светот,“ посочи Лусија Онгај, ко-основач на Gerety Awards.
Повеќе инфромации за Gerety Awards можат да се најдат на официјалниот веб-сајт www.geretyawards.com, како и на официјалните профили на социјалните мрежи Twitter, Facebook, Instagram и LinkedIn.