Од 26 до 27 ноември во Загреб ќе се одржи осмиот меѓународен саем на инвестиции REXPO. Целта на саемот е да ја зајакне националната бизнис клима, а пред посетителите ќе се претстават бројни инвеститори, проектанти и инвестициски фондови, како и сите оние кои со својата работа придонесуваат во развојот на хрватската и регионална економија.
Секоја година, REXPO го посетуваат повеќе од 1500 посетители, а саемот поделен на еден дел во кој градовите и компаниите ги претставуваат своите проекти и на друг, форумски дел посветен на најактуелните трендови во индустријата.
Првиот ден на саемот е посветен на инфраструктурните проекти и инвестиции. Во 17 часот, министерот за море, транспорт и инфраструктура Олег Бутковиќ свечено ќе го отвори саемот, а пред присутните ќе се обратат и други владини претставници.
Првата панел дискусија под покровителство на KPMG, „Барометар на финансии на пазарот со недвижности 2019“ ќе се осврне на темата за пазарот на недвижности, неговото финансирање и очекувања за иднината. Покрај говорниците од компанијата KMPG, во дебатата ќе учествуваат и Ана Волк од групацијата Sunce, Невен Микец од VMD, Патрик Франолиќ од Spiller Farmer и претставници од комерцијалните банки.
На втората панел дискусија под покровителство на Colliers International, ќе се зборува за позиционирањето на Хрватска на локалната, регионалната и глобалната инвестициска карта, а на панел дискусијата под покровителство на компанијата Opereta ќе се дебатира за најактуелните трендови во градежништвото на простори за живеење.
Со кои проблеми се соочуваат странските инвеститори во Хрватска е тема на панел дискусијата „Можности и предизвици на странските инвеститори во добивањето на дозволи во Хрватска и регионот.“ За актуелната состојба во регионот ќе зборуваат претставници од Хрватска, Црна Гора и Србија, додека пак својата страна на приказната и предизвиците со кои се соочуваат ќе ги споделат и големите индиски инвеститори во Хрватска.
„Управување со проектот – клучна услуга за успех на инвестицискиот проект“ е тема на панал дискусијата под покровителство на компанијата PlanRadar, која разви софтвер за дигитална документација и комуникација во градежниот сектор и пазарот со недвижнини, а од неодамна најавија и проширување на апликцијата BIM со иновација која ќе овозможи уште поефективна работа на проектите од сферата на градежништвото и недвижнините. За тоа како успешно да се управува со проектите ќе зборуваат: Бојан Петковиќ, директор на PlanRadar за Хрватска, Словенија и Србија; Горан Легац од Hrvatskih cesta; Мирослав Паузер, директор на RC Osijek од институтот IGH; Динко Полиќ, предводник на секторот за проекти кофинансирани со средства од Европската Унија во Hrvatskim vodama; Илија Белјан од компанијата Gark Konzalting; и Клемен Фајмут од Consilium Expert Group.
По официјалното отворање на саемот и оваа година ќе се доделат наградите „REXPO 2019 Best New Investment Award“, а од 18 часот ќе се одржи Гала забава под покровителство на Chivas Regal.
Вториот ден од саемот ќе биде посветен на туристичкиот секто, а темите за кои ќе се зборува се бенчмаркирање на хрватското хотелиерство, развојот на плажните ресорти и хотелската архитектура и дизајн. Традиционално ќе биде доделена и наградата „Best New Hotel Award“, а по службениот дел од програмата и затворањето на саемот, дружењето ќе продолжи со нетворкинг забава во HTL Loungeu.
Целата програма е достапна на www.rexpo.hr, а службено возило на саемот е CARWIZ rent a car.