Луѓето кои живеат и се движат низ девет сиромашни населби во Бразил се разбудија гледајќи насмевки што ги красат фасадите на околните домови.
Овие симболи на позитивност се дел од планот на брендот за орална хигиена Colgate да внесе искра на радост во руралните, сиромашни области на Бразил, додавајќи го својот препознатлив мотив на насмевка кон парови постоечки прозорци за да формира уникатни „насмеани лица“.
Кампањата го користи психолошкиот концепт на пареидолија, кој ги предизвикува луѓето да препознааваат познати слики на луѓе или животни во облици и обрасци. Затоа, со само два прозорци и една крива линија, можеме да формираме ментална слика на насмеано лице во нашите глави.
Жителите и деловните субјекти кои ги изнајмиле своите фасади на Colgate ќе бидат финансиски надоместени, а сите деца од јавните училишта на возраст од 11 до 17 години во околината ќе добијат бесплатна орална нега од стоматолошки професионалци, вклучително и разговор за забната хигиена и индивидуални контролни прегледи.
Маркетинг директорор на Colgate-Palmolive во Бразил, Нелсон Малта, посочува дека оваа иницијатива ќе помогне да се „променат животите на луѓето“ и дека секој адолесцент ќе добие третман специфичен за нивните потреби, со дополнителен упат за да се подложи на целосна стоматолошка нега додека не наполни 18 години. Се очекува дека скоро 1.000 деца ќе имаат корист од програмата, а најмалку 20% од нив ќе продолжат со третманот до полнолетство.
Кампањата се реализира со помош на креативната агенција VMLY&R Brasil.