Прославата по повод 2 години постоење на арт кафулето Concept 37 продолжува и оваа Сабота!
Настанот “Lions Talks” , на кој ќе се рекапитулира се она важно што ни го донесе овогодинешното издание на најголемиот светски креативен фестивал Cannes Lions, ќе се одржи во Сабота (11.07.2015 г.) почнувајќи од 12:00 часот, во организација на Маркетинг365 и Concept 37.
На настанот ќе учествуваат Душан Дракалски, двократен освојувач на Кански лав кој ќе ни го сподели неговото лично искуство поврзано со учеството и жирирањето на Cannes Lions, Александра Дилевска, која од аспект на овогодишен посетител на настанот ќе ни сподели што се важно се зборуваше годинава на Кан и кои се темите кои ќе доминираат наредниот период во индустријата, како и Борис Ефтимовски од Маркетинг365, официјален претставник на Cannes Lions за Република Македонија.
На настанот е предвидено да се направи и screening на сите овогодишни Grand Prix добитници на Cannes Lions во отворена дискусија меѓу сите присутни.
Настанот е од отворен карактер и на него се поканети сите оние кои сакаат да се дружат и уживаат со муабет за реклами и маркетинг индустријата :) Повелете !