Францускиот бренд на луксузна мода Dior лансираше рекламна кампања за промоција на новиот женски парфем Miss Dior, во која главната улога ја толкува холивудската актерка Натали Портман.
Во централниот спот на кампањата, Натали Портман зрачи со радост и сензуалност додека го изведува „големиот скок“ за љубовта, танцува слободно на плажа и ужива во бујна цветна ливада. Таа се смее од срце и зрачи со неодолива самодоверба, додека нејзиниот волшебен поглед ги маѓепсува гледачите на истиот начин како што рекламираниот парфем треба да ги маѓепсува вљубените срца.
Спотот е снимен под водство на францускиот режисер Ману Косу, а кампањата се реализира во соработка со креативната агенција Publicis.