Пишува: Наташа Божиновска Миркова, извршен директор на Represent Communications од Скопје
На 29 и 30 октомври 2024 година, конференцијата Spotlight во Амстердам организирана од страна на SemRush се претвори во еуфорично место за маркетинг професионалците, споредувана со „Дизниленд за комуникациската индустрија“. Настанот кој беше одржан на прекрасниот патничкиот терминал во Амстердам обедини над 60 сесии со говори од експерти, интерактивни дискусии и работилници.
Присутните беа целосно потопени во знаење и инспирација, фокусирајќи се на практични решенија за современите маркетинг предизвици. Конференцијата покажа импресивен список на говорници кои споделија привлечни приказни и реални примери од нивните кариери. Секој говорник донесе уникатни перспективи кои длабоко одекнаа кај присутните, правејќи ги сесиите и информативни и инспиративни. Се зборуваше за тоа дека клучот за успехот лежи најмногу во разбирањето на психологијата на потрошувачите.
Овие блиски дискусии овозможија маркетерите да разменат предизвици и стратегии, поттикнувајќи чувство на заедништво. Форматот на настанот го истакна активното учество, овозможувајќи им на присутните не само да учат туку и да применуваат нови концепти директно во нивната работа.
„Да бидеме реални – никој не оди на Инстаграм со надеж дека ќе види реклама. Без разлика дали гледаме смешни мемиња, гледаме reels или се допишуваме со пријателите, ние сме таму за да се забавуваме и информираме, најмалку за да бидеме „жртви“на продажба. Но, што ако успееме да го привлечете вниманието на луѓето со разно-разни пораки кои не само се интересни, туку и ја зголемуваат продажбата?“
За оваа магија зборуваше Џон Торнтон, Creative Copywriter кој им помогна на брендовите како Innocent пијалоците и SURREAL да се вратат на шините со ненаметливи содржини кои го привлекуваат вниманието индиректно и дискретно додека scroll-ат и кои се во дослух со публиката – а конечно конвертираат во директни купувачи.
„Еден од најголемите предизвици на платформи како Instagram е едноставно да ги натерате луѓето да престанат да scroll-аат и да ја кликнат вашата реклама. Тоа е местото каде што блеска експертизата,“ вели Торнтон.
На отворањето најмногу внимание привлече приказната на Софи Милер, основач на Pretty Little Marketer, која успеа да изгради заедница од 400.000 следбеници за помалку од три години, покажувајќи дека со соодветен пристап, социјалните медиуми се моќен канал за продажба и раст на бизнисот.
За малите брендови, социјалните медиуми се тајно оружје – алатка која може да им помогне да се натпреваруваат со индустриските гиганти. Но, тука е суштината: додека многу брендови ги пробиле алгоритмите и сфатиле како да стигнат до својата целна публика, тие често го занемаруваат еден од најмоќните аспекти на социјалните медиуми – користењето на нивните следбеници.
Токму на оваа тема говореше Елфрид Самба, експерт за градење заедница и поранешен раководител на социјалната мрежа во Gymshark. Елфрид поминал години усовршувајќи ја уметноста на претворање на следбениците на социјалните мрежи во ангажирана, лојална заедница која го поттикнува word-of-mouth маркетингот во обем.
Елфрид истакнува: „За да изградиме заедница, треба да креираме функционални искуства, содржина и приказни кои ги спојуваат луѓето. Мораме да разбереме дека ние не ја поседуваме заедницата иако е на нашите канали – ние само ја употребуваме за следни чекори и поголеми успеси“.
Аднан Фалиун, директор за маркетинг на EMEA во Mastercard на тркалезна маса нѝ ја долови кохезивната стратегија на различни платформи за подобрување на видливоста и присуството на брендот особено во стерилниот финансиски свет на комуникации преку користење на различни канали и платформи, односно стратегии кои се засновани на аналитика и реални податоци како и доследно испраќање на пораки преку континуирана оптимизација.
Макс Рашер, основач на TheLazyMarketer., сподели позитивен поглед на маркетинг стратегиите водени од вештачка интелигенција, истакнувајќи го нивниот трансформативен потенцијал за бизнисите понатаму.
„Нагласувањето на трансформативниот потенцијал на размислувањето водено од вештачка интелигенција за маркетерите е она што го означува денешниот свет како ера во која податоците и технологијата се вкрстуваат, користејќи вештачка интелигенција за редефинирање на маркетинг стратегиите и подобрување на ангажманот на клиентите“.
Според Рашер, употребата на ВИ само позитивно ќе се одрази во нашиот свет на комуникации, унапредувајќи го квалитетот на комуникацијата преку забрзување на процесите.
И она што беше најпривлечно за сите нас присутни кои бевме гладни за повеќе искуства од глобалниот свет, беше одличната панел дискусија – $360 Billion Opportunity: Winning Over Gen Z Customers. Панелот беше составен од говорници како Кејт Мелет, директор за глобални партнерства во Snap Inc.; Мајкл Коркоран, менаџер за дигитален маркетинг во Ryanair; и Сандер Петерс, лидер во бизнис маркетинг во TikTok. Експертите ги споделија сознанијата и искуството за тоа како брендовите можат ефективно да ги ангажираат, поврзуваат и конвертираат клиентите на Gen Z во денешниот брз дигитален свет.
Пазарот кој е сочинет од Gen Z претставува неверојатна можност од 360 милијарди долари за брендовите ширум светот. Како прва генерација на вистински дигитални домородци, Gen Z радикално го промени начинот на кој компаниите мора да пристапуваат кон ангажманот на клиентите. Но, како брендовите можат успешно да ја искористат оваа профитабилна демографија? На панел дискусијата, индустриските експерти од некои од најголемите платформи кои влијаат на Gen Z ги открија клучните стратегии за освојување на оваа моќна генерација.
„Можете да ја изградите вашата култура со публиката со која се поврзувате. Како што често велиме ‘Ние не сме платформа за социјалните медиуми, ние сме Snapchat’. Нашата кампања ‘Помалку #социјални #медиуми, повеќе #Snapchat’ ги привлече Gen Z да се поврзат со #Snapchat затоа што веруваат дека нивната заедница и пријатели со кои се поврзани се таму пред нив“, заклучи Мелет.
Gen Z се интересираат за интеракција и забава. Мајкл Коркоран од Ryanair објасни како авиокомпанијата користи хумор во својата екстерна комуникација за да изгради силна лојалност на брендот. Ryanair успешно го проби патот на социјалните мрежи до Gen Z со прифаќање на автентичноста и забавата во нивната содржина. Коркоран ја сподели социјалната стратегија на Ryanair која вклучува не само промоција на услуги, туку и директна комуникација во реално време со помладата публика, секако на социјалните мрежи.
„Работете со кратори, не создавајте сопствена органска содржина бидејќи не може да понуди автентичност“, советува Мајкл од Ryanair како успешна стратегија.
Заклучокот на Сандер како експерт и екс. вработен во Google и LinkedIn е дека Gen Z има различен опсег на внимание што значи дека сакаат:
- Структура во приказната според која Gen Z донесуваат одлука.
- Стимулација – интерактивни реклами за да се задржат и вратат.
- Gen Z гледаат долги видеа на #TikTok и треба да бидете добри за вашето видео да привлече внимание.
„ТикТок нема да може да постои без креаторите. И стратегијата на TikTok треба да им дозволи на креаторите да создаваат, а не да интервенираат. Креаторите го градат идентитетот, а не обратно – заклучи Сандер.
Конференцијата Spotlight беше повеќе од само можност за учење; тоа беше уникатно искуство кое ја слави креативноста и иновативноста во комуникациите. Приказните споделени од говорниците и духот на соработка меѓу присутните создадоа посебно искуство за сите вклучени, зајакнувајќи ја репутација на конференцијата како суштински собир за секој еден од нас во комуникациската индустрија.
Оваа година како прва на Spotlight Conference Amsterdam, медиумски партнер од Македонија беше WebMind.mk.