National Geographic малку ја “премота” својата веб-страница, наназад се до деведесеттите години, давајќи им можност на посетителите да се потсетат на раните денови на интернетот, во рамките на промоцијата на новиот документарен филм “Valley of the Boom”.
“Valley of the Boom“ е претстоен документарен серијал во продукција на National Geographic, а се занимава со технолошки подеми и падови на 1990-тите години во Силиконската долина.
Во пресрет на премиерата на серијата во недела, американскиот вебсајт на National Geographic се врати назад во 90-тите на еден ден (10 јануари јануари), потсетувајќи ги посетителите на старата естетика и времето на dial-up интернет, а за да биде искуството што поавтентично, некои слики едноставно не се вчитувале.
‘Valley of the Boom’ е дел од визијата на главниот извршен директор на овај канал, Пол Кафка, кој сака да се произведат “помалку серијали, но големи, поавантуристички и креативно амбициозни”.