Брилијантниот Пабло Пикасо на овие колоритни промотивни постери е претставен како панк-рокер на своето време
National Geographic се подготвува за претставување на втората сезона на својот наградуван серијал “Genius“, кој после Алберт Ајнштајн сега се фокусира на уште еден брилијантен ум, Пабло Пикасо.
Дел од подготовките е голема промотивна кампања за серијалот, во кој Антонио Бандерас ќе го глуми сликарскиот гениј, а самата кампања е концентрирана на идејата за “човекот зад четката.” Еден од најважните елементи на кампањата е да го прикаже уметникот како панк-рокер од своето време, што е јасно видливо од постерите на кампањата, кои прикажуваат драматични портрети од ѕвездите на серијата, чии лица се убаво обоени со дебели потези на боја.
Според Крис Спенсер, еден од креативците на партнерската агенција на кампањата EVP, клучните елементи на овие креативни решенија укажуваат на повеќе теми, “од честа да се биде допрен од уметноста, до лошата страна на животот покрај еден гениј и цените и последиците кои тој живот ги остава на нив”, изјави Спенсер. “Ако сте биле во близина на Пабло, без разлика дали ви се допаѓа или не, некои” бои “ќе завршат и на вас – никој не останал недопрен.”
National Geographic на изработката на кампањата работеше со агенцијата Arsonal, а фотографиите ги потпишува Курт Исвариенко. “Genius: Picasso” ќе почне да се прикажува на National Geographic од 24-ти април.