Гостински текст на: Митко Цабевски
Во денешно време се случува огромна културолошка промена во полето на маркетингот. Тоа може да се забележи доколку погледнете каде ни е насочен фокусот. Излезете од секојдневието на свесното размислување и нурнете се во Вашите емоции. Дадете им вредност на Вашите клиенти, пробајте да зборувате со Вашите клиенти. Зошто луѓето го користат Tumbler? Затоа што сакаат анимирани gif-ови. Тогаш Ваша задача е да им дадете анимирани gif-ови.
Однесувајте се со почит кон секоја социјална мрежа која ја користат Вашите клиенти. Треба да бидете свесни дека доколку објавите една иста содржина на Вашата Facebook фан страна каде што имате 1000 фанови и на Вашиот Pinterest профил каде имате исто така 1000 следбеници, резултатите ќе бидат сосема поинакви. Затоа треба да ја почитувате причината поради која Вашите клиенти користат одредена социјална мрежа.
Facebook, Pinterest, Instagram, Snapchat… сите се потполно различни и луѓето ги користат токму поради нивните различни намени и содржини кои ги нудат. Facebook е наменет за конектирање на корисниците, на Pinterest се Pin-уваат интересни содржини, Tumbler се издвојува по своите gif-ови, Snapchat се користи за забава, споделување на искрени, интересни моменти од секојдневието, Instagram е за да се споделуваат и разгледуваат убави фотографии.
Токму затоа треба да раскажувате посебно креирана приказна на секоја платформа што ја користите. Да креирате различни содржини кои ќе бидат прилагодени да одговорат на причината поради која Вашите клиенти ја користат одбраната социјална мрежа.
Секако дека содржината е важна, меѓутоа контекстот е главен! Понекогаш ќе имате навистина голем предизвик да креирате содржина која ќе биде наменета за што поголем број на луѓе. Затоа, најдобро решение е да се посветите на подетално одредување на Вашата целна група доколку сакате да креирате точно наменета содржина која ќе ги привлече клиентите кон Вашиот бренд.
Во последните неколку години многу често се користат термините “story” и “storytelling”, секој пат кога маркетерите сакаат да го најават следното големо нешто или кога сакаат да звучат кул.
Кога ги анализирам “native content marketing” кампањите на повеќето од адветајзерите најчесто заклучокот ми е дека не знаат баш точно што значи автентична приказна и да се раскаже приказна. И секој пат кога мислат на автентична приказна всушност мислат на обична реклама.
Зошто? Затоа што секој пат кога некој прави нешто што наликува на маркетинг, секогаш има маркетинг цел која е поврзана со тоа што сака да го постигне. А оваа цел најчесто е всушност продажба на нивниот производ или услуга. За да го постигнат ова, нивниот начин на размислување ги насочува во нивните кампањи да додадат и call to action. И секој пат кога на одредената цел и додадете повик за акција и сето тоа го имплементирате во приказната која сакате да ја пренесете, тоа повеќе не е раскажување на приказна, туку креирање на реклама.
Токму затоа “native content marketing” претставува еден вид на уметност
Мора да знаете да продадете без притоа да натерате некого да купи од вас. Треба да умеете да раскажете автентична приказна со која луѓето ќе се поврзат емоционално, а во втор план ќе го позиционирате она за што се залага Вашиот бренд.
“Native” content marketing има потенцијал да биде од голема корист при монетизирањето на онлајн и мобилната маркетинг содржина, како и природен тек на еволутивниот развој на дигиталниот адвертајзинг. Но само доколку знаете што правите.
Полека но сигурно, буџетите наменети за “native” адвертајзинг и контент маркетинг секојдневно растат и имаат потенцијал да ги преминат буџетите наменети за display advertising.
Верували или не, не мора да ја компромитирате Вашата креативна мисла се со цел да имате успешна контент маркетинг кампања.
Што всушност е “native” content marketing? Има навистина различни дефиниции за овој термин, меѓутоа најосновната гласи: “native” content marketing претставува креирање и дистрибуирање на вредна, релевантна и конзистентна содржина преку користење на стратешки маркетинг техники, со цел да се придобие јасно одредена публика, притоа имајќи за цел да се оствари профит на начин што ќе го промени или подобри однесувањето на потрошувачите.
Контент маркетингот претставува континуиран процес кој е најдобро да го интегрирате во целосната маркетинг стратегија. Неговиот фокус е насочен кон тоа да го поседува медиумот за кој е креиран.
За да креирате “native” advertising потребни Ви се креативни вештини и доколку правилно го изведете, може да имате голем бенефит за Вашиот бренд, во спротивно може да биде навистина погубно за Вашиот бизнис.
Според истражувањето направено од страна на Mobile Marketing Association во 2015 година, мобилните “native” реклами имаат 10 пати подобар резултат и привлекуваат 3 пати повеќе внимание отколку display рекламите. Ова истражување исто така покажало дека потрошувачите ги преферираат мобилните “native” реклами, достигнувајќи 23% подобри резултати во однос на мобилните display реклами.
За разлика од функционирањето на декстопот, каде имате слобода да извршувате повеќе работи наеднаш и можете да отворите повеќе прозори и апликации наеднаш, помалиот екран на мобилните телефони може да прикажува помалку содржина. Ова е причината поради која “native” мобилните реклами имаат предност во привлекување на вниманието на потрошувачите и потоа ги насочува подлабоко во кампањата која понатаму сте ја креирале за таа намена.
Како пример, би сакал да ги посочам The Onion и BuzzFeed, кои успеаа да инкорпорираат “native” адвертајзинг и притоа да понудат забавна и интересна содржина која има вредност да биде прочитана и споделена.
Развијте партнерство со брендови и агенции кои ги рефлектираат Вашите ставови и интересите на Вашата публика. Доколку имате блог наменет за козметика, нема никаква потреба ниту цел да објавувате содржина наменета за градежна компанија, без разлика на средствата ќе Ви ги понуди истата. Едноставно тој пристап е погрешен. Бидете сигурни дека Вашата “native” содржина е соодветна и за Вас и за Вашата публика.
Можете навистина многу да научите од “native” контент маркетингот на Instagram. Има голем број на брендови кои знаат како да го изведат тоа на правилен начин. Со објавување на само една слика тие успеваат да ја пренесат пораката на својот бренд и во исто време да го одржат духот на платформата без притоа да ja нарушат “native” содржината на Instagram.
Креирајте забавни, персонални и точно наменети содржини.
Овој текст е дел од “Дигитален Маркетинг 101“ серијата на Brainster. Регистрирајте се за целата серија и добивајте бесплатни маркетинг лекции директно на Вашиот email!