Кока-Кола во соработка со Ogilvy&Mather за својот бренд Кока-Кола Зеро креираше реклами кои буквално треба да се “пијат“, без разлика дали се на ТВ, билборд, принт или дури радио.
Тешки будалаштини кои привлекуваат внимание и публицитет се еден благ опис на кампањата за која официјално велат дека била насочена кон тоа да се доближи вкусот на Кока-Кола Зеро кон што повеќе луѓе
Концептот може да се примени додека сте дома, на натпревар или концерт или пред билборд. Работен е во соработка и со Shazam кои секако се задолжени за стимулирање на сетилото за слушање.
Корисниците може да си “наточат“ Кока-Кола Зеро чаша преку своите смартфни и потоа со кодот навистина да си земат една free во повеќе ланци супермаркети и малопродажни објекти ширум САД.
Од Кока-Кола велат : “наредниот пат кога ќе си жеден – наточи една реклама“ :)
Погледнете: