На редовниот годишен собир на групацијата Др.Тајс Натурварен кој пред десетина дена се одржа во италијанското гратче Градо, компанијата Натусана Македонија која е ексклузивен партнер за производите од оваа групација во Република Македонија беше наградена во две категории и тоа: “За континуиран раст на пазарното учество на брендот Лакалут“ (најмногу од сите земји) и за “Најдобра идеја за маркетинг кампања“ за кампањата “Лакалут добра причина за насмевка“.
Васко Русевски, маркетинг-менаџер во Натусана Македонија, по повод добиените награди кои за прв пат ги добива локалниот тим ни изјави:
“Челните луѓе од Др.Тајс Натураварен Германија сакаат да дадат признанинија на оние кои покажале особен креативен подвиг во полето на маркетинг и адвертајзинг. Кампањата за Лакалут годинава беше спроведена во сите земји, со тоа што на локалните партнери им беше оставено да ја одбераат соодветната стратегија и соодветствено на тоа креативните решенија и медиа канали. Ние сме многу горди што ете резултатот од нашите активности тука е препознаен и од колегите во групацијата, па оваа награда несомнено не охрабрува во секојдневната борба на пазарот со глобалните играчи и ни дава мотив за дополнителни инвестиции и нови креативни проекти кои ќе отскокнуваат од секојдневието. Тимот на Натусана Македонија покажа дека може да се носи и со поголеми екипи кои настапуваат на далеку поголеми пазари. Се одлучивме за еден позитивен пристап во комуникацијата, едноставен, со основна цел уште повеќе да го приближиме брендот до нашите лојални потрошувачи. Добивме целосна поддршка и одлична соработка од маркетинг агенцијата Кајгана медиа за што сме им навистина многу благодарни.“
На годишниот собир на Др. Тајс присуствуваат претставници од компаниите партнери во повеќе од 20 земји ширум Европа, односно повеќе од 80 луѓе од Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Украина, Полска, Чешка, Русија пред кои менаџментот на Др.Тајс Натурварен ги претставува поединечните резултати по земји според истражувањата на Нилсен, во оснос на пазарно учество на Лакалут, ефектот од спроведените маркетинг кампањи, за уделот во продажбата, за позиција и потоа доделува награди и признанија за најдобрите во групацијата.