Натусана Македонија, компанијата која е ексклузивен партнер за производите од групацијата Др.Тајс Натурварен, еден од најпознатите светски производители на ОТЦ лекови и фармацевтски козметички препарати со врвен квалитет, се закити со две награди за својата успешна работа.
На годишниот собир на кој присуствуваат претставници од компаниите партнери во повеќе од 20 земји од Европа, групацијата Др.Тајс Натурварен ги претставува поединечните резултати по земји во однос на пазарното учество на Лакалут и ефектот од реализираните маркетинг кампањи, а на Натусана Македонија ѝ додели награди во две категории – „Најдобар поединечен резултат и континуиран успешен раст во пазарното учество на ниво на групација“ и „Најдобро креативно решение за кампања на ниво на групација“ за кампањата „Со Lacalut до ѕвездите”.
Компанијата која е застапник за брендовите Lacalut, Allga San, Dr.Theiss, оваа година ја реализираше кампањата „Со Lacalut до ѕвездите“ која имаше за цел на потрошувачите на Lacalut да им овозможи возбудливо ѕвездено искуство преку учеството во кампањата, но и да ги награди со патувања во еден од најголемите планетариуми во Европа – планетариумот во Валенсија, заокружувајќи ја целата приказна на кампањата.
Токму оваа кампања, на компанијата ѝ ја донесе наградата за најдобро креативно решение на ниво на групација.
Како и другите години така и оваа, групацијата на Др.Тајс Натурварен ги стимулира земјите членки кои што направиле креативен подвиг во полето на маркетинг и адвертајзинг. Оваа година кампањата за Лакалут хороскопско издание беше спроведена во сите земји со тоа што се даде целосна слобода на креативните идеи, решенија и стратегија. Како канали на кампањата беа користени online медиумите и радиото.
“Среќни сме и горди што покрај толку земји Македонија повторно добива награда што ни дава мотив за уште повеќе да се посветиме на развој на брендот и нè охрабрува во секојдневната борба со конкуренцијата. Темелот на стратегијата е да градиме бренд кој ќе ужива доверба кај потрошувачите од кои добиваме целосна поддршка, да стекнеме лојални потрошувачи и редовно да едуцираме и информираме за оралната хигиена – вели Васко Русевски, маркетинг менаџер на Натусана Македонија и надополнува: “Креативните проекти на кои сме посветени се трудиме да бидат неконвенционални и несекојдневни со што на крајните корисници ќе им понудиме изненадувања и необични доживувања. Огромна благодарност до маркетинг агенцијата Кајгана Медиа за темелниот пристап, целосната поддршка и одличната соработка“ .