Како би го измериле коефициентот на глупост?
Со овој предизвик се соочиле во агенцијата Drive при промовирање на втората сезона на серијата “Наука за глупоста“ која ја комбинира чистата теорија со некои од најлудите, најспектакуларните и најдобрите аматерски снимки. Целта е со дигитална кампања на забавен начин, постигнувајќи радозналост да се анимираат онлајн корисниците а во исто време и да се промовира новата сезона на оваа серија.
Наука за глупоста = (забава+смеа) + (наука+причина)
Агенцијата Dirve креирала решение преку Endless clicking banner кој од корисниците бара да измерат “коефициент на глупоста“ преку интересни пораки. Целта е корисниците да се ангажираат бескрајно да кликаат по банерот, а притоа да им се задржи вниманието преку интересни пораки на екранот. До сега во Србија никогаш претходно не било користено креативно решение endless clicking banner. FOX ICB е еден од првите огласувачи кој го прифати овој начин на комуницирање.
Дополнителна видливост беше постигната преку three-side брендирање на најпосетените news сајтови. На Facebook кампањата се комуницираше со три различни видеа преку multi-product огласи.
“Секогаш е задоволство да се работи на кампањи за бренд како што е National Geographic, но проектот “Наука за глупоста“ посебно се издвојува. Пред се, се работи за доста интересен телевизиски концепт и формат кој изобилува со атрактивни и автентични аматерски снимки. Бидејќи се работи воглавно за кратки форми, овие видео елементи беа идеални за веб употреба и постигнаа одлични резултати. На сугестија на агенцијата е изработен помалку провокативен, али многу забавен endless banner, кој предизвика големо внимание и одлични реакции. Мислам дека оваа кампања е добар пример како би требало да изгледа локализација и надградба на еден интернационален креативен концепт. Со иновативните формати и прецизното таргетирање, кампањата постигна сјајни резултати“ – вели Марко Дачиќ, маркетинг-менаџер на Serbia FOX International Channels.
Резултатите беа повеќе од импресивни. Забележани се преку 97.000 кликови, додека огласите беа испорачани преку 13.000.000 пати. Кампањата на локалните медиуми достигна до преку 2,100,000 интернет корисници што е повеќе од 68% од активните интернет корисници во Србија.
“Горди сме на соработката која ја имаме со компанијата FOX. Изградената доверба и отвореноста на клиентот кон иновациите, ни нудат прилика да тестираме потполно нови и поинакви дигитални креативни концепти. Ваков пристап на планирање имплементиравме и во кампањата “Наука за глупоста“ каде излеговме од традиционалните дигитални медиски пракци и на јавноста и претставивме нешто друго. Корисниците исклучително добро ја прифатија кампањата за што сведочат и одличните резултати“ – рече Драгана Марковиќ, Account Director на агенцијата Drive.
Тим:
Account Director: Dragana Marković
Media Planner: Dejan Lalović
Social Media Specialist: Zorica Šorgić
Creative Director: Slobodan Marković