Valicon во последните шест месеци во соработка со компанијата BlackBox ја измери реакцијата на потрошувачите на повеќе од 360 реклами со помош на EEG (електроенцефалограф) и eyetracking технологијата. Во меѓувреме новата услуга ја искористиле 25 компании и 36 брендови од Србија и регионот, што е веројатно најбрзо усвојување на една иновација и истражување на потрошувачите. Базата на измерени огласи претставува важна база на знаење за разбирање на реакциите на потрошувачите на огласувањето.
Главните наоди од невролошките биометриски мерења, кои можеме да ги извлечеме од првите шест месеци на употреба, пред се, се однесуваат на елементите на реализација на рекламата, што е и главната корист од овие мерења. Мерењето не се врши заради вреднување на креативните решенија, ниту на исправноста на одлуката во креативниот процес, туку заради следање на реакцијата на потрошувачите, со цел да се подобри реализацијата на рекламата, што може да користи како во фаза на пост-продукција, така и при одлучувањето помеѓу повеќе различни решенија.
Некои согледувања, кои ќе ги навадеме подолу, не наведуваат да се вратиме на основите. Сега тие хипотези се емпириски потврдени со објективна метода, која не е заснована на исказите на испитаниците, туку на нивните реакции на потсвесно ниво. Добиените наоди, сепак, не се претпоставки, бидејќи овие обрасци ги препознавме во база од 360 измерени огласи, што ни кажува дека станува збор за случаи кои често се појавуваат во праксата.
Веруваме дека советите од Valicon, засновани на комбинација на знаење од маркетинг и неуронаука, кои ни ги пренесува Александар Милановиќ, ќе доведе до подобро креирање на реклами, односно реклами кои се попријатни за око и уво и кои се помалку инвазивни за гледачите, и успешни за клиентите.
- Усогласеност на аудио и визуелните стимули. Процесирањето на овие два канали на комуникација треба да биде синхронизирано, како содржајно и временски, така и по значење. Во спротивно, доаѓа до дисперзија на вниманието и негативни емоционални реакции, кои конечно, доведедува до некомуницирање на основната порака на рекламата.
- Не претерувајте со повторување. Прекумерното повторување во релативно краток временски интервал, особено во гласот на нараторот, има фрустрирачки ефект и доведува до пад на вниманието на гледачите.
- Не ја комплицирајте пораката. Луѓето сакаат едноставни пораки. Голем број на карактери, настани, активности или други елементи се тешки за когнитивното обработка и претставуваат когнитивно оптоварување. Секојдневниот свет на луѓето е доволно компликуван, немојте и вие да бидете дел од тоа.
- Музиката има моќен ефект како на емоционалната реакција, така и на вниманието. Од таа причина многу е важно да се посвети внимание на музиката, која секогаш треба да биде во согласност со основната порака и да биде дополнување на визуелните елементи.
- Не користете ситни букви. Малиот фонт го оттргнува вниманието во погрешна насока, предизвикува незадоволство и непријатност кај потрошувачите, бидејќи за кратко време не може да го прочитаат напишаниот текст.
- Нараторот има многу важна улога. Ова е особено случај во завршниот дел на рекламата, кој е клучен во однос на сумирање на пораката и влијанието врз однесувањето на потрошувачите.
- Хумор и/или познати личности во рекламите. Шегите или познатите личности често привлекуваат внимание, но не ретко тие го задржуваат само на себе и не ја комуницираат пораката на рекламата, осносно на брендот или производот. Без јасна улога за хуморот, односно на познатите личности, реклама губи фокус и не ја постигнува својата цел.
Невролошките методи за испитување на реакцијата на потрошувачите не ги заменува класичните методи за истражување на пазарот. Всушност, ова е повеќе дел од комбинацијата на двата методи на истражување кои заедно ни даваат најсеопфатна слика за нашите потрошувачи. “Во блиска иднина, биометриските податоци ќе постанат стандард на сите нивоа, па дури и во нашиот регион“, сигурен е Милановиќ. Меѓутоа, не застануваме на податоците кои ги добиваме со помош на ЕЕГ и еyetracking технологијата, наскоро ни доаѓаат индикатори и од други извори, како што се отчукувањето на срцето, проводливоста на кожата и слично.
Научените лекции дефинитивно треба да се користат во креирањето на рекламите, меѓутоа, секоја реклама е нов предизвик, бидејќи создава нов мост помеѓу брендот и потрошувачот. Затоа Valicon организира во сите свои канцеларии редовно месечно мерење на рекламите во развој или ново лансираните реклами.Своите реклами можете да ги кандидирате и да добиете повеќе информација на следниот меил: neuro@valicon.net.