Skopje Design Week постои од 2011 година, а Навигаторс работат за целото времетраење освен првата година.
Што е тајната за тоа како фестивал прераснува во препознатлив бренд?
– „Самото конципирање на фестивалот е на организаторот се разбира, но работејќи на комуникацијата навлегувате во самата суштина на истиот. Знаете кому му се обраќате и што сакате да дознае таа публика. Skopje Design Week конкретно има неколку слоеви во однос на комуникацијата со публиките. Дел од пораката е наменета кон бизнис заедницата, и таа иновација, идеја има тежина и бара бизнис препознавање“ – ни објаснува Наташа Дукоска од Навигаторс.
Вториот комуникациски сегмент на овој фестивал е артистичен и има потреба да испровоцира во тој правец. Како некој тоа го спакувал, искомбинирал, но повторно поради проучена и утврдена потреба која се појавила на пазарот. Поради тоа пораката се праќа до одредени рубрики, портали и новинари, а комуницира на социјалните мрежи визуелно.
Конкретно, овогодинешниот Skopje Design Week имаше амбициозна цел, прво да ја разбуди младата генерација, да ги поттикне да размислуваат за она што ги опкружува, бидејќи околностите многу брзо се менуваат. Токму и тоа е слоганот: „За новата генерација на Скопје“, а фокус беше велосипедот и сè поврзано со него. Затоа се објави конкурс и се повикаа сите креативци да размислуваат како да го подобрат возењето велосипед во Скопје, но и како да биде побезбедно. Тој резултат на добиени решенија, кои истовремено се интересни и функционални се огромен успех за организаторот и истите ќе добијат свој прототип.
Последен сегмент е широката јавност, односно да се допре до што е можно повеќе луѓе дека Skopje Design Week продолжува да се одржува, да информира што е идејата оваа година и како да се вклучат што повеќе луѓе со размислување и информации.
Сите тие јавности ги храниме со релевантни и точни информации, им приоѓаме на канали кои за нив се природни и се обидуваме да бидеме интeрактивни и двонасочни. Она што е исто така е битно – комуникациски да ја развивате стратегијата заедно со фестивалот. И затоа оваа година се отвори и профил на ТикТок, се вклучија амбасадори од новата генерација и се обидуваме да не застариме со цел да останеме релевантни.