Креативната агенција Saatchi & Saatchi UK лансираше нов визуелен идентитет за американската кошаркарска НБА лига на европскиот пазар. Притоа, создаден е и документарен серијал насловен “Hoop Cities” („Градови на обрачот“) кој во осум дела ја истражува културата, историјата и моќта на поврзување што кошарката ја има во Европа.
Динамичниот визуелен идентитет го користи кошаркарското игралиште за да ја обликува приказната и го користи концептуалниот дизајн на Saatchi & Saatchi за да понуди креативно влијание надвор од традиционалните комуникации. Инспирирана од самиот терен, флексибилната рамка е прилагодлива на кој било формат и се одликува во насловните секвенци на серијалот “Hoop Cities” и низ дигиталните и out-of-home креативни решенија за промоција на НБА, тежнеејќи кон визуелно поврзување на европските градови кои што ја сакаат кошарката.
“Hoop Cities” ќе се прикажува на дигиталните комуникациски канали и апликација на НБА до крајот на годината, при што документарниот серијал ќе посети осум градови за да ја истражи љубовта на Европа кон НБА, претставувајќи ги локалните култури, заедниците и играчите-херои на секој град низ објективот на кошарка.
НБА лигата има воспоставено меѓународно присуство со натпревари достапни за гледање во 215 земји и територии низ светот и има една од најголемите заедници на социјалните мрежи во интернет просторот. Покрај славењето на своето културно влијание низ годините, кошаркарската лига гледа на долгорочна визија за градење поголем ангажман и релевантност меѓу својата европска база на навивачи.