НБА му се обраќа на светот со нова глобална кампања во која наратор е Идрис Елба
По повод прославата на 75-годишнината од Националната кошаркарска лига (НБА), започна глобална кампања во која раскажувач е наградуваниот актер Идрис Елба, со цел промовирање на лигата во светот.
Кампањата ја креираше агенцијата Translation LCC и е во режија на Емануел Аџеи.
Гласот на Елба ќе се емитува на сите меѓународни платформи, а во земјите каде што не се зборува англискиот јазик, локални познати личности како Теди Ринер (Франција), Арон Пипер (Шпанија) и Федез (Италија) ќе зборуваат на својот мајчин јазик во видеото. Во Велика Британија ќе бидат емитувани две верзии на нарацијата, од страна на Идрис Елба и локалниот рапер Еј Џеј Трејси.
Кејт Џавери, главен директор за маркетинг во НБА лигата, рече дека кампањата покажува дека кошарката е за „моментите што ги поврзуваат навивачите“ низ историјата. „Возбудени сме што ги славиме неверојатните игри што не` оставаат без здив, како и влијателната заедница на играчи и тимови и со нетрпение очекуваме да продолжиме да ја раскажуваме нашата приказна во сезоната на 75-годишнината“, додаде таа.
.