Новозеландскиот авио-превозник Air New Zealand ја лансираше својата нова Божиќна кампања, насловена “Not Quite Silent Night” („Не баш тивка ноќ“.)
Во магичната реклама ја следиме приказната на Дедо Мраз и младото девојче Ароха кои тргнуваат во потрага по загубените ирваси што ја влечат неговата санка, кои што бегаат во страв откако добродушниот дедо паѓа од покрив.
Спотот е проследен со познатата Божиќна песна „Тивка ноќ“, но испеана на домородниот јазик Маори.
Кампањата се реализира со помош на креативната агенција Montoya, додека пак продукцискиот дел е реализиран преку здружените напори на компаниите Reel Factory, Blockhead Studios и Liquid Studios.