Има многу начини на кои фамилијата може да заштеди со споделување – можат да ја делат истата четкичка за заби или можат да го делат својот мобилен оператор :) Ова е идејата од која тргна агенцијата Bruketa&Žinić OM работејќи на новиот проект за промовирање на “семејната понуда“ на својот клиент Vipnet,
Дел од кампањата беше и наградната игра на Facebook, прва во Хрватска во која корисниците можеа да ја играат директно во својот news feed, обидувајќи се со својата четкичка да ги избегнат членовите на фамилијата. Во близина на продажните места на Vipnet беа поставени и специјално направени интерактивни екрани на кои минувачите можеа да проверат колку се слични на членовите од својата фамилија, пријателите или другите минувачи, а испринтаната фотографија можеа да ја преземат во Вип продавницата во близина.