Агенцијата McCann Јапонија назначи нов креативен директор, робот со вештачка интелегенција – AI-CD β, кој ќе присуствува на McCann Worldgroup поздравната церемонија за нови вработени на 1 април, заедно со 11 нови дипломирани студенти.
AI-CD β беше создаден од агенцијата како дел од својот ‘Creative Genome’ проект, прв од серијата на проекти на ‘McCann Millenials’ работната група на агенцијата.
Вештачката интелигенција може да дава креативни насоки во изработката на реклами бидејќи податоците кои ја формираат основата на алгоритмот вклучуваат деконструирани, тагирани и анализирани ТВ шоуа, како и податоци за победниците на “All Japan Radio & Television Commersion Confederation’s CM Festival“.
Според McCann Јапонија, AI-CD β ќе работи како креативен директор со вистински клиенти и тоа ќе биде првото логички базирано креативно водење кое е засновано врз историскиот успех на ТВ рекламите.
Претседателот и CEO на McCann Japan, Yasuyuki Katagi изјави: “Ветачката интелегенција веќе се користи во широк спектар на забава, како музика, филмови, и ТВ програми, и затоа сме многу ентузијатични за потенцијалот на AI-CD ß во иднината на создавањето реклами. Целата компании, 100 проценти се согласува во поддршката на нашиот AI вработен.”
Вештачката агенција е разработена да одговара на некој производ или порака со оптималната комерцијална насока, базирано врз историски податоци. Вештачката интелегенција, исто така, ќе учи од резултатите на кампањите кои ги има водено, и со тоа, во теорија, ќе се развива како поефикасен AI креативен директор.
Загриженоста како вештачката интелегенција ќе влијае врз работните места расте низ индустриите. Зборувајќи на Adfest во Тајланд овој месец, Ерик Круз од AKQA се осврна врз ефектот кој автоматизацијата би го имала врз креативноста тој истакна дека услуги како SquareSpace и Wix веќе автоматиирале некои од улогите на дигиталните дизајнери и направиле технолошки вишок. Тој додаде дека до 2020 година, истото може да се случи и со social media менаџерите.