Британските брендови ја сакаат Божиќната сезона, но самите Британци се поделени околу разните традиции кои ги следат празничните денови. Па, затоа, ланецот на стоковни куќи Marks & Spencer со новата кампања им порачува: „Не ги правете оние традиции кои не ги сакате“.
Кампањата „Love Thismas (Not Thatmas)“ е создадена врз основа на истражување кое покажало дека голем број луѓе се чувствуваат растргнати помеѓу учеството во Божиќните традиции за кои сметаат дека се должни да ги прават и оние кои што навистина сакаат да ги прават.
Во централниот спот на кампањата се вклучени повеќе јавни личности од медиумската и културната сфера на Британија, демонстрирајќи ја со конкретни акции овогодишната празнична порака на брендот.
Ова е воедно правата кампања на Marks & Spencer создадена во соработка со својата новоназначена креативна агенција Mother London.