River Island е британски моден бренд на висока улична мода основан во далечната 1948 година. Меѓутоа, во својата 74-годишна долга историја, брендот немаше лансирано телевизиска реклама – до сега.
Првото појавување на River Island на малите екрани доаѓа оваа есен во пресрет на празничната сезона на забави, под насловот “Don’t Let the Moment Go” („Не го пропуштајте моментот“).
Рекламата ги поттикнува гледачите да го искористат моментот со прикажување на патешествието и предизвиците на три жени на една голема вечер што тие нема да ја заборават.
Прикажувајќи го асортиманот на облека и додатоци на брендот во сезонско светло, видеоспотот со висока енергија ги истражува хаосот и магијата што може да се појават кога секоја прилика од пропуштен автобус до испуштена торба ќе биде претворена во разиграна можност.
„Се заљубив во ликовите и во она што тие значат: тие не само што зрачат харизма и карактер, туку го отелотворуваат River Island. Тие се природни, разновидни, аспиративни – не се плашат да го живеат својот секојдневен живот со малку магија во него“ – истакнува режисерката Кристин Јуан.
Првата телевизиска кампања на River Island е создадена со помош на креативната агенција St. Luke’s и продукциското студио Object & Animal.