Брендот пиво Heineken се здружи со поранешната фудбалска ѕвезда Герет Бејл во нова кампања за својата безалкохолна верзија “0.0”, со која покажува дека откажувањето од алкохолот не значи и откажување од ноќниот живот.
Во централниот спот на кампањата, насловена “Don’t Bale on Your Mates” („Не им откажувајте на пријателите“), гледаме низа на луѓе кои измислуваат разни изговори за да откажат дружба во локалниот паб затоа што не сакаат да пијат алкохол.
Меѓутоа, како совршена алтернатива се наметнува Heineken 0.0, па така на крајот од спотот ги гледаме истите луѓе како наздравуваат во паб со шише безалкохолно пиво. Меѓу гостите во пабот се наоѓа и Герет Бејл, чие презиме треба да алудира на глаголот “bailing” („откажување“).
Кампањата се реализира во соработка со креативната агенција Publicis Poke и продукциското студио Outsider.