Со новата кампања, брендот Maison Mumm сака да ја поистовети брилијантната кариера на Усеин Болт со неговиот слоган
Брендот Maison Mumm, дел од Martell Mumm Perrier-Jouët, линијата на престижни коњаци и шампањи на Pernod Ricard, ја претстави својата нова мултимедијална меѓународна кампања која започна на 2 ноември, со бренд амбасадорот Усеин Болт.
Кампањата, која што за брендот ја изработи француската агенција Buzzman, ја претставува новата платформа на брендот: „Прославете ја својата следна победа“. Оваа порака претставува основата на новата насока на брендот, а фокусирана е на самодовербата и позитивното размислување.
Импресивната кариера на Усеин Болт е резултат на неговата одлична состојба на умот која ја карактеризира беспрекорен оптимизам и позитивизам, но и напорен тренинг. Оваа единствена ментална сила му овозможува да ги освојува трките дури и пред да започнат, а тоа се вредностите кои брендот сака да ги промовира во својата нова кампања.
Спотот кој го режираше Luis Cervero (Pharell Williams, Justice …), го носи славниот спортист и поранешната придружничка на Мис Универзум и Мис на Јамајка, Јенди Филипс, со музичка трака од TKAY. Свечената и фасцинантна атмосфера на видеото е осмислена како одраз на извонредната кариера на Болт.
Со слоганот, „Не победувајте за да прославите. Прославете за да победите“ , оваа кампања отвара нова глобална платформа за Mumm шампањот наречена „Прославете ја својата следна победа“, а лансирана е во сите дигитални медиуми.
Усеин