Честопати можеме да слушнеме дека за да се стекне колективен имунитет, односно за враќање во нормален живот, потребно е да се вакцинираат најмалку половина од возрасните граѓани. Податоците покажуваат дека овој број е надминат кога станува збор за одредени категории на население, но исто така и дека најмал процент на вакцинирани има кај младите. Од овие причини, Обединети фестивали на Србија започнаа национална кампања за вакцинирање под слоганот „Да бидеме повторно заедно!“ во соработка со агенцијата McCann Белград, комуникациски партнер на проектот, одговорен за наоѓање заеднички јазик со помладата популација.
„Годината зад нас, со право можеме да ја наречеме година на осаменост, беше тешка за секого, особено за младите, на кои им недостасуваше најмногу дружење и интеракција во живо. Истражувањето што го спроведовме со агенцијата „Поларис“ покажа дека за тоа доживување во живо не постои онлајн супститут. Додека ја подготвувавме кампањата, се обидовме да разбереме како се чувствуваат младите, како размислуваат, што најмногу им недостасува, кои се нивните дилеми поврзани со вакцинацијата и што би ги мотивирало да се вакцинираат“, објаснува Јана Савиќ Растовац, извршен креативен директор на McCann и додава „ние во McCann веруваме дека секој бренд треба да има значајна улога во светот во кој живееме и секогаш сме среќни да одговориме на повиците за креирање кампањи од пошироко општествено значење. Во овој момент, значајната улога на Обединети фестивали на Србија е да апелираат до младите да се вакцинираат и на тој начин да се создаде можност сите да бидеме одговорни и повторно да бидеме заедно на безбеден начин. Кампањата ја креиравме со гласот на една генерација, која, сигурна сум, ќе им биде јасна на сите, а особено на оние на кои им е упатена“.
Обединети фестивали на Србија, предводени од EXIT, Beerfest, Lovefest, Arsenal fest и Nišville, сакаа да укажат на сè поголемата физичка и ментална изолација на која се изложени сите, потсетувајќи дека времето на фестивалите допрва доаѓа и дека постои решение за одговорно и безбедно уживање за време на овие традиционални дружења, а тоа е вакцинација! Кампањата, која ќе ја започне досега најжестоката борба за крај на пандемијата и враќање во нормалниот живот, беше поддржана и од националната платформа на Владата на Србија – „Србија создава“, Министерството за здравство и градската управа на Белград и Нови Сад.
„Во изминатиот период, младите беа критикувани дека се неодговорни, но тоа не се пораките што ги праќате доколку ги сакате младите луѓе на ваша страна. Тие не реагираат добро на пораките за страв и на сè на она на што бевме изложени во изминатите 15 месеци. Нив им е потребно да им се даде надеж и визија за враќање во нормалниот живот и токму тоа е нивната главна мотивација да се вакцинираат. Кампањата, создадена во соработка со агенцијата McCann, испраќа токму таква порака, а по зголемувањето на бројот на вакцинирани лица под 30 години во последните неколку дена, можеме да кажеме дека веќе ги дава соодветните резултати.
После многу впечатливата кампања “Дали знаете од каде доаѓа вашата роба?” која што исто така беше направена во соработка со агенцијата McCann и Министерството за здравство, задоволство ни е што повторно ги обединивме силите во борбата за јавното здравје на целокупното општеството. По пандемијата, пред нас е уште една борба, овој пат за менталното здравје и верувам дека заедно ќе одговориме на овој предизвик заедно со силни креативни решенија и пораки“, додава основачот и директор на фестивалот ЕГЗИТ , Душан Ковачевиќ.
Како дел од кампањата насочена кон вакцинирање на младите во Србија, беше пуштена во употреба веб-страницата www.vracamozivot.rs, која ќе го покаже напредокот на кампањата во реално време, како и колку сме близу до крајната цел – 50 проценти од имунизирана возрасна популација.