Односот помеѓу менталното здравје и храната е неверојатно деликатна и често се влошува при искушение, стрес и замор. Меѓутоа, храната може да ја игра и улогата на „мелем“, нудејќи привремен момент на заздравување кога се чувствуваме особено ранливи.
Затоа, во многу случаи и култури, храна се користи како метод за развеселување и заздравување. Но, реалноста е дека и најдобриот оброк не може да излечи некој кој е фундаментално тажен, гневен, па дури и летрагичен. Во новата кампања за подигнување на јавната свест за Месецот на менталното здравје, овој мај, брендот за брза храна Бургер Кинг и организацијата Mental Health America сакаат да посочат дека никој не е среќен цело време и тоа е сосем нормално.
Само овој месец, Бургер Кинг ќе нуди „реални оброци“. На одбрани локации низ САД, брендот ќе им нуди на своите гости кои ќе купат Whooper и опција со себе да понесат специјално комбинирани оброци кои насоодветно одговараат на нивното моментално расположение: Pissed Meal, Blue Meal, Salty Meal, YAAAS Meal и DGAF Meal. Поради очигледни причини (читај McDonald’s), нема “Happy Meal”.
Со цел да ја запознае јавноста во оваа лимитирана понуда, Бургер Кинг се здружи со агенцијата MullenLowe U.S. за изработка на краткиот музички филм насловен #FeelYourWay, што претставува своевидна преработка на класичната кампања на Бургер Кинг од 1970-те – „Have It Your Way“.