Во центарот на Скопје се појавија транспаренти со пораки „Избери точак, одглави се“ и „Не си заглавен во сообраќај, ти си сообраќај“.
Станува збор за акција на иницијативата #НаТочак, група на поддржувачи на велосипедскиот сообраќај во Скопје кои се залагаат за подобра велосипедска инфраструктура и одржлив транспорт.
“Секојдневно им забележуваме на градските власти, МВР и другите институции, дека не прават доволно за расчистување на сообраќајниот метеж. И од тоа не треба да се откажеме. Напротив, како граѓани и здруженија, треба постојано да бидеме будни и да правиме притисок работите да се менуваат кон подобро.
Но во меѓувреме, секој еден од нас треба да се запраша, дали е дел од проблемите со кои се соочуваме во градот. Што може да направи секој еден од нас за да придонесе кон решавање на тие проблеми.
Избери точак! Избери пешачење! Избери јавен транспорт! “, порачуваат од иницијативата #На точак.
Понекогаш си заглавен во сообраќај,
но понекогаш во твојот избор.
Избери точак. Одглави се!#НаТочак pic.twitter.com/zYQNLJyOFp— Na Tochak (@NaTochak) July 23, 2019