Според последното истражување на прелистувачот Опера кое ги анализира потрошувачките навики на преку 270 милиони корисници на својот софтвер за десктоп и мобилна употреба, Недела е денот кога луѓето најмногу пазаруваат преку своите мобилни уреди (смартфони и таблети) а Јуни е месецот кога мобилното пазарување е севкупно најпопуларно.
Десктоп сообраќајот кон е-commerce сајтовите е најголем во Понеделник, и генереално е многу повеќе во работни денови отколку во викенд, за разлика од мобилното пазарување кое својот пик го има во Недела а е најслабо во Петок.
Опера анализира дека потрошувачите најчесто ги користат нивните мобилни уреди да прегледуваат продукти за време на викендот, а потоа повторно ги посетуваат и пазаруваат откако ќе почнат со работа во Понеделник.
Глобално, Амазон е местото кое добива најмногу сообраќај од e-commerce сајтовите од страна на мобилните уреди со удел од 36,3%, следен од eBay со 16% на првите две позиции.