“Таква ни е браншава !“
Топ тема деновиве се комбинациите кои Македонски Банки ќе ги сменат своите Маркетинг-агенции, која агенција после промената останува во најдобра позиција, која пополека се крева “од мртвите“ а која останува со празни раце.
Се чини возбудата ќе беше помала ако не работеше “Чаршијата“, ама па и тешко дека ќе најдеш маркетер кој не е сладокусец на вакви “шлагови“ и кој одбива да прави муабет на оваа тема.
Сега-за-сега, без имиња, без ништо, за релакс во ова неделно попладне !
Од интерес на луѓето кои сакаат да се информираат за актуелните текови на маркетинг сцената е да се спомене дека сериозно се шпекулираат најавите дека една банка која во моментов (како што вели еден мој многу драг пријател) е “ферари кое на автопат вози со 80 km/h“ (алудирајќи на тоа колку е голема позадината на банката и како таа сега се однесува), во која дуваат нови менаџерски ветришта, сериозно размислува за промена на сегашната маркетинг агенција и враќање на “пријателите од порано“.
Буџетот за наредната година ќе е особено голем, се очекуваат нови аквизиции, нови филијали и секако нов маркетинг пристап.
“Пријателите од порано“ иако минатата година добија нов питч со “големиот играч“ ќе мора овојпат да… не го играат.. и да влезат зад воланот на “ферарито“.
Во тој случај “големиот играч“ треба да си бира нов менаџер…..а тој се чини ќе биде “основоположникот“ на играта кој изминатиов период се соочуваше со многу проблеми и редно време е да се врати на голема сцена ! А со таков играч – веднаш си во прва лига !
И како во старите добри времиња, приказнава не ќе беше целосна ако тука го немаше и “Белград“ (од горе некој, нели). Пак некои погледнуваат натаму и чекаат амин за офанзива. Сите се прашуваат, што ли ќе прави другиот “голем играч?“
Во меѓувреме разно-разни поени се собираат со лобирање и други “нати го-дај ми го“ игри и се чека целата разврска на ситуацијата.
Оваа приказна за некого ќе се одвива како бајка, а за некого баш и не. За овие што сега-засега не толку добро се одвиваат работите, им порачуваме да не се секираат….имаме дојава дека барем “Чоколадото“ цело ќе “го јадат“. Ни потврдија !
А можеби и целата приказна е само една измисленица на чаршијата и злите јазици. Ќе видиме :)
Некои регионални директори се јавија неделава да прашаат “Шта раде наши тамо?“ . Одговорот беше “раде…и обраџују..и то на велико !“ :)
Имајте пријатно попладне !