Организаторите на меѓународниот огласувачки фестивал Golden Drum ги открија имињата на последните двајца говорници кои ќе излезат на овогодишната фестивалска сцена.
Едниот од нив е Том Бенкс, креативен уредник во професионалниот адвертајзинг магазин The Drum од Обединетото Кралство. Се работи за искусен уредник со длабоко разбирање на пресекот помеѓу креативноста и брендовите и со голема страст за поттикнување на вистински општествени промени преку значајно креативно творештво.
Нему ќе му се придружи Ник Халбери, извршен креативен директор на агенцијата Mother London, познат по водечки и иконични кампањи за брендови како IKEA, Stella Artois и MoneySuperMarket, кој што раководел со глобални проекти на дури 80 светски пазари.
Заедно, тие ќе објаснат како агенцијата Mother London негувала трајни врски со големи брендови како IKEA, Uber и KFC. Во нивната сесија, овозможена од The Drum, ќе бидат откриени ефективни стратегии за градење доверба, избегнување на вообичаени стапици и поттикнување храбри, иновативни проекти што отвораат нови простори во огласувачкиот пејсаж.
Не ја пропуштајте оваа можност да дознаете како да ги одржувате односите со клиентите креативно продуктивни и привлечни!
Останува помалку од една недела до фестивалот Golden Drum 2024.
Фестивалот ќе започне во среда (10 октомври) со легендарна забава за загревање во News Café Bernardin во прекрасниот Порторож! Поврзете се со колегите-креативци додека танцувате на волшебните ритми од диџеј JVPIX, создавајќи совршена атмосфера за ноќ исполнета со смеа и поврзаност.
Истовремено, подгответе се да уживате во извонредните македонски вина од винарската визба Тиквеш и традиционалната српска ракија од Rakija bar & shop – на здравје за несекојдневно искуство!