Најдобрите и светски признати креативци од агенциите R/GA Њујорк, McCann Париз, Adam&EveDDB Лондон, Publicis Group, се само некои од предавачите на вториот по ред национален фестивал на интегрирани комуникации во Србија – KAKTUS 2016, кој ќе се одржи на 27 и 28 октомври во хотелот Crowne Plaza во Белград. Под овогодинешниот слоган “Конструктирај добри идеи!”, акцент на фестивалот ќе биде на интеграцијата, но и трудот и напорот да се конструираат само квалитетни идеи.
KAKTUS 2016 ќе им понуди на учесниците квалитетна и разновидна програма, но и практични примери од различни области од интегрираните комуникации, како и преглед на најновите светски трендови, а вториот ден на фестивалот ќе го отвори предавањето на Brunо Lugliо, Senior Creative Art Director на агенцијата R/GA Њујорк (САД), на тема “Who? What? Why? – The Metrics of a Simple Idea”. На почетокот на кариерата Бруно работел во европските агенции – Jung von Matt Hamburg, Ogilvy & Mather Pariz, DDB Berlin, thjnk Hamburg. Во 2012 година заминува во Бразил и почнува да работи во DAVID The Agency на позицијата Art Director. Добитник е на голем број на престижни меѓународни награди меѓу кои се 21 Кански лав, D&AD, London International Awards, One Show, ADC Germany, Eurobest, Clio Awards итн.
Атрактивно предавање на многу актуелна тема “Napoleon, Burgers, Drunk Robots, Scary Cheese, Kick-Ass Youth, Je Suis Charlie, Organic Comic Books and much more… Europe: a very French survival guide” ќе одржи Riccardo Fregoso, Executive Creative Director на агенцијата McCann Париз (Франција). Неговиот бекраунд му вгради радикален и аналитичен начин на размислување, но и голема страст спрема популарната култура, новите технологии, јазикот и трендовите во дизајнот. Освои повеќе од 30 престижни меѓународни награди, вклучувајќи и 7 Кански лавови.
На учесниците на фестивалот ќе им се претстави и Mihnea Gheorghiu, Group Creative Director на агенцијата Publicis Group (Романија), кој ќе зборува на тема “The Power of Doing”. Mihnea вели дека сака да креира нови идеи, но и на поинаков начин да кажува исти работи. Во текот на кариерата искуство стекнал во агенциите ширум светот – LA DESPENSA Мадрид, Leo Burnett Торонто, Dentsu Њујорк, 360i, Young & Rubicam, а неговите креативни кампањи освојувале награди на сите значајни меѓународни фестивали.
Крајот на вториот ден на фестивалот KAKTUS 2016 ќе го обележи предавањето на Ivan Pols, Creative Director на агенцијата Adam&EveDDB Лондон (Велика Британија), под називот “Fame. Ideas that set the world on fire”. Кариерата ја започна во 1998 година со стартап во Јужна Африка, кој набрзо стана најнаградувана мала агенција. Во 2006 година Иван се сели во агенцијата Ogilvy Торонто, со цел да ги подучи на кој начин работат креативните агенции во Северна Америка. Денес живее и работи во Лондон, а во својата кариера освои преку 100 награди, меѓу кои се и наградите за интегрирана и дигитална кампања.
Во рамките на фестивалот KAKTUS 2016 ќе бидат доделени и награди за најдобрите во струката, за кои се борат дури 37 агенции и преку 40 огласувачи со 135 пријавени кампањи. Наградите се доделуваат во 21 категорија, а ги добиваат организации, компании, институции и агенции за најквалитетните и најпрофесионалните интегрирани и поединечни кампањи во изминатата година.
Фестивалот KAKTUS 2016 го поддржаа 28 медиски куќи од целиот регион, компанијата Coca-Cola HBC Србија, Mercator S, Marbo Product, Delta Holding, Johhnie Walker, Ушче Shopping Centar, Viber, како и HEINEKEN Србија кој оваа година е пријател на фестивалот. Партнери на фестивалот се агенциите – Direct Media, Pioniri Communications, Headline, Ovation BBDO, DPC Group, M2Communications и LED Media Босна и Херцеговина.
Повеќе информации за фестивалот KAKTUS ќе пронајдете на сајтот www.kaktus.rs.