Индустријата на дигитални медиуми е покомпетитивна од било кога претходно.
Во времиња како овие… понекогаш е подобро да се застане рамо до рамо со слични компании кои воедно се поддржани од поголеми и по-профитабилни компании.
Discovery Communications минатиот четврток најави $100 милионска инвестиција во нов ентитет кој ќе спои три дигитални медиумски компании Thrillist Media Group, NowThis Media, и The Dodo — со две други компании, Seeker и SourceFed Studios, кои веќе се во сопствеништво на Discovery.
Овие дигитално-медиумски компании ќе ги задржат своите независни уреднички операции што всушност е и причината за прифаќање на зделката која зазема форма на партнерство – а не на аквизиција и спојување на компаниите.
Новокреираниот, Group Nine Media, ќе ужива во зголемена база на корисници од било која од индивидуалните компоненти на ентитетот претходно, факт со кој извршните директори се надеваат дека ќе привлечат внимание.
Ben Lerer, CEO на Thrillist Media Group, беше наименуван и за CEO во Group Nine. Eric Ashman, претседател на Thrillist, беше наименуван претседател на Group Nine исто така.
Ben Lerer е партнер во Lerer Hippeau Ventures, која инвестираше во Thrillist, NowThis,и The Dodo, која е основана од неговата сестра, Izzie Lerer. Нивниот татко, Ken Lerer, е директор и партнер во Lerer Hippeau Ventures.
Европскиот издавач Axel Springer кој управува со Business Insider и има инвестиции во Thrillist и NowThis, ќе биде вториот најголем акционер во Group Nine Media. Discovery Communications е најголемиот акционер во овој нов ентитет.
” Сметам дека адвертајзерите сакаат поголеми партнери, големи бази на податоци, сакаат да бидат застапени широко и длабоко, и ова е една од тие причини зошто е формиран овој ентитет,” изјави Ben Lerer за Ad Age.
Една од заедничките точки на интерес на дигиталните агенции беа линеарните TV екстензии со Discovery Communications, чии кабловски канали ги вклучуваат Discovery Network, Animal Planet, TLC и други.
Дигиталните агенции кои се дел од оваа групација ќе се префрлат на менаџмент систем за споделување на содржини наречен Pinnacle,кој агенцијата Thrillist веќе го користи . Брендовите можеби ќе започнат да делат и иста канцеларија, која исто така ќе се надополни и со оддели за човечки ресурси, финансии, корпоративен развој и правен оддел.
Discovery, ќе има управен дел од групацијата Group Nine во иднина доколку избере тоа да биде незин дел.
Преку формирање на стратегиско партнерство со овие дигитални медиумски компании чиј фокус се миленијалците, Discovery ќе добие подетална анализа за демографијата чиј интерес се нејзините шоуа и ќе успее да ги понуди услугите на Group Nine како дигитална компонента за поголема рекламна побарувачка.